понеделник, април 29, 2024

АКАДЕМИК БЕЏЕТИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНТЕРУНИВЕРЗИТЕТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Акад. Проф. Др. Абдулменаф Беџети е избран за претседател на Интеруниверзитетската конференција на Република Северна Македонија, пренесува кдполитик.

Интеруниверзитетската конференција на Северна Македонија, на седницата одржана на 22.09.2022 година го избра Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети за нов претседател на оваа институција. Мандатот на Академик Беџети, започнува од 1 октомври и трае 2 години.

Инаку, оваа конференција претставува тело преку кое се усогласуваат сите прашањата од сферата на високото образование во Република Северна Македонија и прашањата што се од заеднички интерес за сите оние што учествуваат во високообразовниот процес во Северна Македонија.

 

Të fundit