недела, април 28, 2024

ПРИРАЧНИК ЗА НОВИНАРИ ЗА МЕДИУМСКИ СОРДЖИНИ ПОВРЗАНИ СО ЕУ

Прирачникот за новинари ги содржи главните информации и знаења што новинарите треба да ги имаат со цел ефективно да известуваат за прашањата поврзани со преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија. Прирачникот е изработен во рамки на проектот Медиумите за ЕУ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ а кодонатор на проектот е УНОПС.

 

Прирачникот објавен од страна на Еуротинк е структуриран во три дела кои сам по себе претставуваат една целина за аспектите на известувањето за прашањата поврзани со процесот на членство на Северна Македонија во ЕУ. Во првиот дел од прирачникот е претставен целиот процес на преговорите, почетокот, текот и финализацијата, односно членството во ЕУ. Во вториот дел од прирачникот, прецизно се дава целата рамка на извори на информации за известување за прашања поврзани со преговарачкиот процес, додека во последниот дел прирачникот ги вклучува институции и тела на ЕУ, кои всушност се и извори на информации за известување.

Овoj прирачник е во рамки на проектната активност: Менторска програма за млади новинари – практиканти кои ќе треба да создаваат медиумски содржини на теми за ЕУ и на теми за евроинтегративните процеси на Р.С. Македонија со ЕУ.

Оваа публикација е изработена како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ

Преземете ја публикацијата:

Македонски јазик:

Pripachnik_Novinari_EU_MK

Албански јазик:

Doracak për gazëtare

Прирачник за новинари за ЕУ

Të fundit