вторник, април 30, 2024

Претседателот на шаховската федерација на Европа го посети ПСУ ” Јахја Кемал “– Струга

Претседателот на шаховската федерација на Европа, Зураб Азмаипарашвили денеска го посети ПСУ ” Јахја Кемал ” – Струга.

Азмаипарашвили, заедно со преседателката на шаховската федерација на Македонија госпоѓа Александра Гакидова, оствари средби со претставници на ПСУ ” Јахја Кемал ” – Струга.

Bo ПСУ ” Јахја Кемал ” шахот е задолжителен предмет за учениците од 1 до 3 одделение, и изборен предмет за учениците од 4 до 6 одделение.

Како што информираат од школото, од шаховската федерација на Европа Зураб Азмаипарашвили, беше пријатно изненаден од застапеноста на шахот преку настава во училиштето и одличниот развој на новите велемајстори.

Të fundit