понеделник, април 29, 2024

СЕ ОДРЖУВА ШКОЛА ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ, ДИСКУСИЈА ЗА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ НИЗ ПРИЗМАТА НА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА

Овогодинешнoто издание на школата тематски и е посветена на пренос на знаења за евроинтегративните процеси низ призмата на новата модифицирана методологија. Обучувачите и експертите разговараа за европската интеграција токму врз основа на новата методологија, преносувајќи знаење за оваа проблематика до присутните, исто така преносувајќи го досегашното искуство од преговорите за членство во ЕУ. Годинешното издание на Школата за европски политики се спроведува во рамките на проектот „Медиуми за ЕУ“

Два дена, на 15 и 16 декември, во Велес, се одржуваше Школата за европска политика. Овогодинешното издание на Школата за европски политики се спроведува во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии го спроведува во партнерство со Европска асоцијација за локална демократија (АЛДА) и Балкански институт за регионална соработка (БИРС) со поддршка од Европската Унија.

Овогодинешната Школа тематски ќе биде посветена на пренесување знаења околу евроинтегративните процеси низ призмата на изменетата нова методологија на интегративните процеси.

На првиот ден, обучувачите Ана Крстиновска и Срѓан Мајсторовиќ зборуваа за процесот на европска интеграција низ призмата на новата методологија, додека претставникот на Секретаријатот за европски прашања на Северна Македонија, Драган Тилев, зборуваше за досегашното искуството од преговорите за членство во ЕУ. Вториот ден, за процесот на интеграција зборуваше експертот Срѓан Мајсторовиќ.

Школата за европски политики е традиционална активност на Евротинк која се одржува секоја година. Целта на настанот е да придонесе кон подобро разбирање на процесот на евроинтеграции помеѓу претставниците на граѓанските организации, медиумите и други чинители.

 

Të fundit