понеделник, мај 20, 2024

ВИДЕО / ЏЕЛАЛ НЕЗИРИ: КАМПАЊАТА ЌЕ БИДЕ ТЕНЗИЧНА, ДАЛЕКУ СМЕ ОД ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ

Вечерва на полноќ и официјално стартува изборната кампања пред изборите на 15 април, а за очекувањата од компањата, во „10МИНУТИ“ зборува политичкиот аналитичар Џелал Незири.

„Очекувам и оваа кампања како и претходните да биде тензична, со објавување на бомби и црна пропаганда. Сите партии ќе се обидат повеќе да покажат колку е лош противникот, отколку да ја промовираат нивната платформа. Ова е поради тоа што кај нас е создаден еден таков амбиент, затоа што тој победува, кој формира влада добива се, а тој другиот ќе нема ништо.“, рече Незири.

Тој рече дека партиите во оваа кампања одат на картата на национализмот, и дека очекува таква кампања.

„Ако се гледаат самите слогани, може да се примети единствената карта е идеологијата е националзимот, не само кај десноориентираните партии. Се приметува еден национализам кај партиите на власта кои беа обединети околу концептот едно општество за сите. Очекувам во текот на кампањата ќе излезат со реални понуди за економски развој и менаџирање на кризата. “, рече Незири.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/608393590091746/

 

Të fundit