петок, мај 10, 2024

Свесно жртвување на популацијата

Отворени граници и отворени аеродроми. Нема тестирања за влез во земјава. Пораки да се почитуваат мерки. Во суштина животот се враќа во нормала-Ковид-19 останува. Општествата мораат да функционираат, економиите мораат да работат. Со други зборови свесно се жртвува дел од популацијата. 

Катерина Топалова

Мерките се тие, достапни и повторувани за сите. Во животот се е избор, па и живеењето. Селекцијата ќе ја врши нашата совест, ќе преживее тој што ќе внимава и ќе има малку повеќе среќа. 

Заразата не исчезнува преку ноќ. Бидете совесни за себе и за оние што ги сакате, почитувајте препораки и мислете за сопствено добро. Нема импровизации со вирусот. 

Новак Ѓоковиќ е само еден од примерите како и најдобрите намери можат да завршат како катастрофа. Мерете ги сопствените постапки и бидете општествено коректни.

Од денеска и официјално почна предизборната кампања. Кај нас како и никогаш да не престана. Изборот е познат, ветувањата-помалку или повеќе извесни. 

Бомбите станаа одраз на една вообичаена кампања. Секој секого преслушува и не се ни некаква атракција повеќе. 

По пресудата на Катица Јанева, жената која требаше да ги спакува креаторите на бомбите и учесниците во нивните содржини зад решетки, заврши во затвор пред да финишира барем еден предмет.

На овие избори, ако барем малку се општествено свесни за сите опасности, политичарите нема да кријат криминогени намери зад убаво спакуваните зборови. 

Не знам дали сето ова е утопија, ама си велам Pse Jo?

Во земјава претече мед и млеко! Ако лагата ни стана секојдневие, зошто за хемикалии кои се истурија во Брегалница да не мислиме дека се дар од Бога за овој напатен народ! Pse Jo? 

Инаку од Брегалница се наводнуваат плодни површини, се ловат риби за јадење, се напојува добиток од кој користиме производи и ги јадеме, пиеме вода…Тоа што го истураме во реката ни се враќа на трпезата! 

Të fundit