среда, мај 1, 2024

ДИМИТРИЕВСКИ СО АНТИАЛБАНСКИ НАРАТИВ: ТРАСАТА НА КОРИДОРОТ 8 Е ОТЦРТУВАЊЕ НА “ИЛИРИДА”

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, деновиве, во интервју за телевизија Сител, изјавил дека Коридорот VIII “првенствено има задскриен политички наратив, а тоа е албанскиот наратив”:

Овој коридор ги поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида која што многупати досега сме ја погледнале? Никој од актуелните носители на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Зошто со самото тоа ставање на поединци во Владата кои што доаѓаат од таа етничка заедница задолжени и привилегирани да располагаат, договараат, располагаат со сите информации, се остава простор вака народот да измислува. Зошто господинот Артан Груби е во повластена состојба во однос на било кој друг граѓанин, бидејќи тој автопат ќе се гради со наши пари. Тоа е битен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?” – изјави Димитриевски.

И не само тоа, како пренесува kdp.mk, кумановскиот гардоначалник кој за сегашниот мандат им должи и на тамошните гласачи Албанци, вели како  Македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред:

Македонецот денеска е фрустриран. Живееме во држава во која се чувствуваме како граѓани од втор ред. Ке видите се по голем број на пароли дека живееме во апартхејд и дека малцинството граѓани владее со мнозинството”.

Të fundit