петок, мај 17, 2024

ПОЛИТИКАТА ВО ВРЕМЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ!

Зад кампањата за избори на 12 април лежи сенка на опасност која не смее да се игнорира со несериозност и страст кон победи и политички толпи. Партиите можеби во меѓувреме треба да размислат и за други изборни стратегии што ќе бидат во согласност со состојбата создадена од можното ширење на коронавирусот, имено превентивата за да се држи подалеку сега засега од овој „непознат“, кој го преплавува светот. Средби со помалку луѓе, форми на комуникација преку Интернет се некои од начините на кои може да се избегнат големите собири. Значи, рационалност наместо страст.

Пишува: Бардил Заими

Епидемијата на Коронавирус веќе го мобилизира светот да ги преземе неопходните мерки. Кина, Италија и Иран како земји најпогодени од вирусот водат огромна битка за да го спречат ширењето на вирусот. Сега се познати бројките објавени од Светската здравствена организација, додека бројот на заразени лица секогаш се зголемува, но не и до степенот да се прогласи за пандемија. Картата на земји погодени од вирусот се повеќе се шири, при што повиците за внимание од СЗО и бројни меѓународни експерти стануваат сè повеќе присутни.

Првите случаи на инфекција со коронавирус веќе се регистрирани во земјите од регионот. Четири случаи се официјално пријавени во Северна Македонија, додека првите два веќе се регистрирани во Албанија. Случаи на вирусот се забележани и во Србија, Црна Гора, додека Косово останува недопрена. Вирусот е веќе присутен и во регионот, а земјите во регионот презедоа соодветни мерки за да го спречат ширењето.

Првично, овој смртоносен вирус се појави во Вухан, Кина пред повеќе од еден месец, но сега случаи на инфекција се појавија во повеќе земји. Пренесувањето од човек на човек создаде вонредна состојба во глобално ниво, особено затоа што сегашните времиња на глобализација создаваат многу поголем простор и ризик од ширење.

Присуството на паника на глобално ниво експертите го објаснуваат со тоа што науката и покрај многуте напори не успеа да го идентификува потеклото и природата на вирусот. И покрај многуте професионални тестови, сè уште не е познато со каков вирус се соочува човештвото и не се знае дали може да се мутира. Научните толкувања се поделени. Еден пар истражувачи проценуваат дека со зголемувањето на температурите, вирусот ќе се „запали“ како и сите други, додека друг пар медицински професионалци се двоумат дека вирусот ќе се елиминира со затоплување на времето.

Многу земји веќе бараат вакцина против вирусот, додека САД издвоиле милијарди долари за да пронајдат вакцина и да го спречат ширењето на истата. Светот, сепак, е пред непознат вирус со висок ризик, но не и пред предавање. Случаите на смрт и закрепнување во однос на другите вируси се вели дека се многу пониски, но фактот дека вирусот сè уште останува на непозната територија за науката претставува еден страв скоро онтолошки. Многу експерти и политички претставници на државите изјавија дека можеби појавата и третманот на вирусот во медиумите станува претеран, а во исто време повикуваат на претпазливост, истовремено препорачуваат и начини како да се заштитиме.

Непознатото што го погодува човечкото суштество отсекогаш предизвикуваше страв и паника. Според многу експерти, овој аспект на коронавирусот предизвикува многу паника кај луѓето. Сепак, овој вирус е присутен кај човекот и опасноста мора да се види со реалност, без глорификација, но и без занемарување од државните институции. И покрај толкувањата за ризикот од вирусот, се чини дека светот влегува во друга димензија на вонредна состојба за која многу експерти велат дека ќе има и други последици, особено во економски аспект.

Северна Македонија веќе има регистрирано четири случаи на коронавирус. Претставници на Министерството за здравство официјално ги пријавија овие случаи, додека се дадени потребните препораки за превенција и повикуваат за избегнување на собири. Албанија, која веќе има регистрирано два случаи, презеде подрастични мерки. Најавено е дека со одлука на владата училиштата ќе бидат затворени до 23 март. Во Северна Македонија и покрај тоа што се регистрирани четири случаи, сè уште нема предупредувања за спречување на наставата.

Не е познато како ќе се одвиваат настаните во меѓувреме, но многу е важно ризикот од коронавирус да се гледа со многу реализам од државните институции и од самите граѓани. Надвор од вообичаените шеги типични за нашето опкружување, останува многу важно ризикот од коронавирус да ги зголеми институционалните превентиви и да ги натера луѓето да бидат свесни за целиот спектар на превентивни мерки што треба да се преземат во меѓувреме.

Како што е познато, Северна Македонија е пред предвремените парламентарни избори, што значи собири на политичките партии со граѓаните. Во време на кампања, обично првото нешто што удира е рационалност. Колку и да се види глорифицирано, коронавирусот ќе има свое влијание и врз процесот на изборната кампања. Можеби како Балканци нема да ги засега воопшто, но опасноста останува таму, „глобалното непознато“ е таму за да нè натера да сфатиме дека политиката во времето на коронавирусот нужно ќе мора да се турка во друга рационалност, далеку од напаѓањето на предизборниот „мускул“ демонстриран на големи митинзи на политичките партии.

Сè додека ризикот продолжува да биде присутен и не е познато кога може да се појави друга ситуација со коронавирусот, политиката ќе мора да се перформира себеси во други димензии во согласност со превенцијата кој го диктира вирусот сè уште непознат кој одзема голем број на животи. Над стравот, паниката, рамнодушноста и глорификацијата, државните институции и граѓаните генерално ќе треба да негуваат свесност и превентивни мерки против коронавирусот. Пред изборната кампања на 12 април лежи сенка на опасност која не смее да се игнорира со несериозност и страст кон победи и политички толпи.

Партиите можеби во меѓувреме треба да размислат и за други изборни стратегии што ќе бидат во согласност со состојбата создадена од можното ширење на коронавирусот, имено превенцијата за зачувување на овој „непознат“, кој сега засега го преплавува светот. Средби со помалку луѓе, форми на комуникација преку Интернет се некои од начините со кои може да се избегнат големите собири.

Сепак, ние живееме на Балкан и тука сè е магичен реализам. Исто како и во Латиноамериканската литература. Исто како „Лубовта во времето на колера“, или „Сто години самотија“ од Маркез. Може да се случи да се занемари сè и да се има „политика“ за време на коронавирусот. Ние сме на Балкан и „непознатото“ понекогаш е крајно занемарено или се претвора во скоро постмодерна шега.

Të fundit