четврток, мај 2, 2024

АНКЕТА НА ЕВРОТИНК: ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, НАЈДОБРАТА АЛТЕРНАТИВА ЗА ДРЖАВАТА

Повеќето граѓани сметаат дека влезот во Европската Унија е добра работа и дека ЕУ е најдобрата алтарнатива за државата, но повеќето сметаат дека односот на ЕУ кон Северна Македонија е неправеден, арогантен и уценувачки. Овие податоци беа претставени како дел од истражувањето „Еврометар 2023“ спроведено од Евротинк, според кое, и покрај зголемениот скептицизам за влезот на земјата во ЕУ, 53 отсто од испитаниците се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјата , споредено со 49 проценти во 2022 година. Од сите теми, граѓаните покажале посебен интерес за судството и основните права, кои се рангирани со 54%.

„Граѓаните сметаат дека се важни сите теми кои се истакнати за ЕУ,  додека судството и основните права се повисоко рангирани со 54 отсто, додека за преговорите за влез во ЕУ, 54 отсто од нив испитаниците ја нагласуваат слободата, правдата и безбедноста, додека темите за вработување се високо рангирани со 54 проценти. 35 проценти од испитаниците сакаат да се информираат за интеграциите од експерти, 18 проценти од новинарот што ја следи темата и 11 проценти од политичарите“, рече координаторката на проектот, Виолета Глигоровска.

„Видовме дека 40 проценти сметаат дека во државата нема демократија. Во која насока одиме, 54 отсто сметаат дека е погрешна насока, во вистинска насока само 12,6 отсто, но повторно во овој аспект дали работите се подобруваат, гледаме подобрување од лани“, рече директорот на Центарот за европска стратегија „Евротинк“, Димитар Николовски.

Според него, албанците се најоптимисти во земјава.„Во споредба со етничките, или урбано-руралните параметри и образованието, може да се забележи дека кај анкетираните албанци квалитетот на „добрата работа“ е многу повисок отколку кај македонците и други етникуми. И повторно според етничката припадност гледаме дека кај албанците и кај другите етникуми бројките се повисоки дека ЕУ е најдобра опција, додека кај Македонците гледаме квота од 49,3% кога се бара опција надвор од ЕУ“, потенцира Николовски.

Анкетата е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години, дизајниран според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

Të fundit