среда, мај 1, 2024

МИЛКОВ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ТОПКАТА Е НА НИВЕН ТЕРЕН!

Ефективна ли е бугарската политика во однос на Северна Македонија? Во анкета на ова прашање, бугарската телевизија БТВ го добила следниот одговор: 92,4 % сметаат дека бугарската политика е неефективна. Ваквиот резултат му беше презентиран на службениот министер за надворешни работи, Николај Милков, во емисијата „Лице в лице“.

„За жал, такви се можностите. Не мислам дека можевме да дејствуваме кон Скопје на друг начин. Забележително е дека тие имаат остри противречности меѓу опозицијата и властите, а во исто време се радуваат на еден брз и многу впечатлив консензус кога треба да прифатат законодавство кое е антибугарско“, рече Милков.

Министерот оцени дека „има ескалација и зголемување на тензиите со Северна Македонија“.

„Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неусогласени со разбирањето и основата на договорот. Се надевам дека ќе се вразумат од гледна точка на тоа, дека треба да размислуваат за европската перспектива. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на ‘францускиот предлог’. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“, рече Милков.

Финансиско-правна помош

Од Софија како „антибугарски мотивирани“ ги сметаат измените во Законот за здруженија и фондации, кои ги засегнаа имињата на некои од бугарските здруженија и клубови во Северна Македонија.

Во однос на Бугарите во РСМ, Милков сега ги фокусира дејствата на две патеки: едната – во пружање финансиска помош за правни битки пред македонски или европски судови, и втората – секојдневно потпомагање на нивните напори да го заштитат бугарското.

„Подготвени сме да им пружиме помош на луѓето со бугарска самосвест кога поднесуваат жалби до судовите во Северна Македонија и до европските судови. Повеќето од нив немаат финансиска или друга можност да го направат тоа сами. Треба да бидат охрабрени и да чувствуваат поддршка, во спротивно, лесно можат да бидат скршени. Јас знам за многу случаи на луѓе, кои индивидуално се вознемирувани и репресирани. Се изразува притисок кој ги принудува да престанат да се жалат. Во спротивен случај, ризикот е тие да бидат казнувани и репресирани, да бидат викани постојано во полиција, во обвинителство, да се создава еден впечаток дека подобро е да си молчат, или да емигрираат во Бугарија. Има такви случаи, ова не се преувеличувања. Во врска со тоа, мислам дека една секојдневна работа со луѓето од бугарската заедница таму, секојдневно потпомагање на нивните напори да го заштитат бугарското, може да биде дополнителна патека“, најави Милков.

Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид
Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид не направи законско усогласување на иметоФотографија: Daniela Trpcevska-Zafirovska/DW

По Ванчо, цар Борис Трети

Овие ставови на Милков следат по бришењето на здружението „Ванчо Михајлов“ од македонскиот Централен регистер, и најавите од здружението дека ќе ја бараат правдата во Стразбур. Здружението во законскиот рок не се усогласи со измените на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува користење на имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид и Третиот рајх.

Законско усогласување не направи ни Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид. Комисијата за употреба на имиња на личности вчера даде негативно мислење за употреба на името цар Борис Трети во називот на Здружението од Охрид, и заклучокот го испрати до министерот за правда кој ќе треба да го донесе конечното решение.

„Комисијата смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Се наведе дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рахј и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка“, наведе Комисијата.

Кајчев: Сите бугарски прашања, се и европски!

Историчари во соседната земја имаат поинаков став кон ова прашање.

„Не гледам како Иван Михајлов или цар Борис Трети предизвикуваат негативни чувства во Скопје. Редно е низ мирна дискусија за сите сложени случувања во Вардарска Македонија да дојдеме до заедничко толкување и заедничка историја“, изјавил пред неколку дена за БНТ историчарот Наум Кајчев, кој е и член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања.

Тој рекол дека со години заедничката комисија не можела да стигне до суштествени заклучоци во однос на заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија, и дека „рецидивите кај соседот не говорат добро за реформите и промените што мора да се спроведат таму“.

Кајчев изразил надеж дека македонскиот парламент ќе најде сили да гласа за уставни измени и да ги впише Бугарите како еден од рамноправните народи што живеат во земјата. Притоа потенцирал дека францускиот предлог за РСМ ги направил бугарските барања не само бугарски, туку и европски. Забраната на бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ не е само прашање на Бугарија, туку и на сите земји-членки на Унијата, и сето тоа станува дел од преговарачката рамка за влез на РСМ во ЕУ, потенцирал историчаро

Të fundit