петок, јуни 21, 2024

ИНТЕГРИСТИТЕ И ПОТРАГАТА ПО ВНАТРЕШНА КОХЕЗИЈА

Во историјата на повеќепартизмот, кај Албанците во Македонија, Демократската унија за интеграција веќе дваесет години се покажува како субјект кој успеал да ги реши споровите, па дури и внатрешните конфликти. Овие внатрешни превирања се појавија во одредени периоди и, гледано однадвор, се добива впечаток дека повеќе укажуваат на аспирации за тесни или групни интереси, отколку се резултат на несогласувања од програмско-статутарна, па дури и идеолошка природа. Од сите овие случувања или конфронтации е издвоен првиот човек на партијата Али Ахмети. „Издвоен“ во смисла дека успешно ги менаџираше овие судири кои, дури неодамна со појавата на таканаречената „Огнена група“, го докажуваат она што се нарекува постоење на „фракции“, поточно внатрешна демократија.

Пишува: СЕЉАДИН ЏЕЗАИРИ

За оваа сабота е најавен состанок на Генералниот совет на партијата Демократска унија за интеграција. Да не беа последните триење објавени во јавноста од таканаречената „Огнена група“, можеби ова немаше да биде ниту вест! Но, надвор од тоа, за кого овој ден ќе го носи епитетот ден Д?

Во најавената агенда се вели дека ќе дојде до конституирање на органите на партијата, а по се изгледа ќе се изострат мечевите токму околу прашањето кој ќе се искачи на интегристичката хиерархија, која ја предводи нејзиниот историски лидер Али Ахмети? Поточно: Ќе успее ли вториве да го „изгаснат“ групниот пожар кој произведуваше повеќе чад отколку пламен? Со катапултирање на „четворката“ на лидерски позиции од потпретседатели до секретари на ДУИ или ќе има решение кое би се оквалификувало како компромис?

Ова е прво!

Второ: Навистина, како тоа ќе се одрази во оваа партија против целите прокламирани на нејзиниот последен Конгрес за внатрешни реформи и зелената агенда?

Логиката вели дека бучавите бранови од последните 24 месеци повеќе удираа на ѕидот на кадровските решенија во извршната власт отколку на партискиот курс. Рака на срце, и ова незадоволство би се затворило доколку во минатото имаше некакво отстапување од изборот на кадри за извршната власт. И тогаш, и сега, пресуден беше зборот на партискиот лидер! Рака на срце и тогаш и сега, не е дека немаше остатоци што резултираа (ако се сеќавате!) со создавање нови субјекти кои после изборите останаа како „пченка без семки“!

Затоа, за очекување е конституирањето на партиските органи на ДУИ да е израз на расположението во оваа партија да се подготви за наредниот период. Тоа се наметнува од причина што веќе подолго време не се динамизира партиската политичка сцена во албанскиот блок. Поразот на интегристите во Тетово (еднаш) и Гостивар (двапати по ред) не може да се амортизира само со „успешниот владин тим“, надвор од неговиот презир од таканаречената „Огнена група“. Напротив: интегристите во сабота ќе ни докажат дали ќе ја следат логиката „Ти слези – Јас да се качам“, или последните внатрешни реформи на партијата со новите фигури – ќе станат поопипливи! Помеѓу овие две колосеци, се разбира, има простор за одговорност, за отчетност, за меритократија, за функционери и мисионери! А, во овој опсег, надвор од партиските школки, мора да се води сметка и за факторот време и простор. Кај нас и преку нашите граници!

 

Të fundit