четврток, јуни 20, 2024

Направи пауза за преглед

Македонија годишно губи по 279 жени како резултат на рак на дојка. 4% од женската популација во Европа умира од истата болест. Октомври е месец за подигање на свеста за опасноста на овој вид на рак. Високиот процент на жртви укажува дека жените не се свесни оти секоја од нив може да се најде на црната листа.

Aвтор: Katerina Topalova

Овој вид на рак се развива во ткивото на дојката. Тоа е раст на абнормалните клетки кои можат да го нападнат и оштетуваат нормалното ткиво. Нема правило каде точно започнува. Грутката може да се најде буквално на секој дел од дојката. Причините се нејасни. Тој се појавува во голем процент и во високо развиените земји.  

Пациентот не е виновен за заболувањето. Никој не “заслужува” метастатска дијагноза и тоа не значи дека жената носела погрешни одлуки за начинот на живот или пак не го детектирала доволно рано. Некои типови рак на дојка се едноставно поагресивни од останатите.

Да се биде болна изгледа поинаку за секоја жена. Бидејќи жените со метатстатски рак на дојка може често да го менуваат режимот на третмани, ефектите од третманот се менуваат, исто така. Вртоглавица, гадење, болки и проблеми со спиењето се најчестите непријатности. И како и кај сите, постојат добри и лоши денови.

Преку градењето на свесност и едукација за метатсатскиот рак на дојка, како и исправање на некои од вообичаено погрешните перцепции за болеста, се фрла неопходната светлина врз “метастаторите” и нивните семејства.

Да се живее со метастатски рак на дојка зема психички, но и физички данок од пациентот и нејзиното семејство. Луѓето може да се чувствуваат осамено и стигматизирано поради болеста, или да се чувствуваат како губитници, на некој начин. Депресијата и анксиозноста можат да бидат незабележливи. Пријателите и членовите на семејството исто така, минуваат низ многу тешкотии. Поголемата поддршка од пријателите, семејството и пошироката околина може да биде значајна, како и зголемената свесност и едукација за метастатскиот рак на дојка воопшто. Постојат многу достапни извори за учење.

Да се заштити сопственото здравје значи да се прават и самопрегледи. Самосвесноста за дојките може да ви помогне за да ви стане познато како вашите дојки нормално изгледаат и се чувствуваат. Ако напипате грутка, закажете преглед кај вашиот доктор, но не паничете повеќето грутки не претставуваат рак. Промените кои што треба да ги барате вклучуваат: 

  • Грутка или задебелување во дојките или во нивна близина или во делот под пазувите 
  • Промена на големината или обликот на дојките 
  • Затемнувања или набор на кожата на дојките 
  • Брадавицата се вовлекува навнатре во дојките 
  • Исцедок (течност) од брадавицата 
  • Сува, црвена или отечена кожа на дојките, брадавицата или ареолата (темна површина на кожата во центарот на дојките)

Сите жени на возраст од 50 д 69 години кои немаат симптоми имаат можност да направат бесплатен мамографски преглед заради евентуално откривање на ракот на дојка во неговиот претклинички стадиум. Предност имаат жените кои се повикани, а немаат регулирано осигурување. 

Лекарите се децидни дека лек против рак на дојка се уште не е пронајден. Она на што постојано се апелира до женската популација е секогаш да се најде време за сопственото здравје. Во вашиот живот, направете пауза за преглед, напавете пауза за живот. Женските гради се повеќе од цицки. 

 

Të fundit