недела, мај 19, 2024

ТРАНСНАЦИОНАЛНА ПАРТИЈА ИЛИ… ШТО БАРА КУРТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, И ШТО СЕЛА ВО КОСОВО?

Aнализа на КДП

Во една мала сала во скопската населба Карпош, во објектот на кинотеката која е пред средното училиште „Никола Карев“, партијата Ветевендосја одржа митинг на 14 септември. Нејзиниот лидер, Албин Курти, се радуваше што овој амбиент е пренатрупен, но му беше јасно дека поддршката во Северна Македонија нема да има скоро никакво влијание врз исходот од предвремените избори на 6-ти октомври во Косово.

Всушност, од појавувањето на ЛВВ на јавноста, а потоа и на политичката сцена во Косово, овој субјект секогаш настојувал да има поддржувачи и милитанти дури и надвор од државата каде што беше регистрирана. Курти честопати се видел дека одржувал состаноци и протести во областите населени со албанци во Северна Македонија, или да ги поддржува политичките движења во Албанија.

Тој ги поддржа, па дури и учествуваше во протестите на етничките Албанци организирани пред 2016 година, по што се појавија две нови партии – БЕСА и Алијансата за Албанците. ВВ го поддржа и кандидатот на партиите за претседател на Северна Македонија, Блерим Река, кој и натаму е влијателна личност кон Курти. Сега, во пресрет на изборите на 6-ти октомври во Косово, Река заедно со БЕСА, АА и Алтернатива изгледа дека и го враќаат долгот на Курти. Зијадин Села, лидер на Алијансата за Албанците, во еден статус на ФБ тој отворено го поддржува кандидатот за премиер, Албин Курти.

„На нас Албанците ни треба промена. Албанците во Северна Македонија живеат скоро 18 години во монизам, безнадежно, со училишта што се празнат секој ден, а младите тргнуваат по патот на егзил. Албанците во Косово на изборите на 6-ти октомври се соочуваат со можност да донесат промени, да го направат Косово послободно, подемократско, поправедно, понормално. Не се сомневам дека Албин Курти и Ветевендосја можат да и понудат на Косово (и не само) многу повеќе отколку што напишав погоре, но ова не е веќе во рака на Албин. До вас е да го поддржите на 6 октомври“, напиша Села.

Не е само Села кој се меша на избори во друга земја, или само Курти кој го прави истото во Северна Македонија. Ваквите соработки се познати уште порано, како на пример во изборите во 2008 година, кога ПДК на Хашим Тачи отворено ја поддржуваше ДПА на Мендух Тачи, а ААК на Рамуш Харадинај му даде целосна поддршка на ДУИ, Али Ахмети. По 2011 година овие сојузи се сменија – Ахмети се зближи со  косовскиот Тачи додека Тачи од Северна Македонија со Харадинај.

Но, она што VV има за цел да го постигне е да инсталира едно движење со иста платформа и идеологија како VV во Северна Македонија, која би се натпреварувала на парламентарните избори следната година. Дали е ова добро позната практика во светот? Какви национални и регионални последици може да има ова во една турбулентна земја како што е Западниот Балкан? Може ли тоа да влијае во дезинтеграцијата на Северна Македонија? Може ли тоа да се смета и како мешање на една држава во внатрешните работи на друга, забранета со член 2.7 од Повелбата на Обединетите Нации или меѓународното право? Како може да реагираат интернационалците? Како може тоа да биде разбрано од страна на соседите?

Постојат многу прашања што произлегуваат од овие прекугранични политички движења. Но, случаите на транснационалните партии се популарни во светот, особено во Европа, но засновани на идеолошка, но не и на етничка близина.

Транснационалните партии се политички субјекти кои имаат членови во повеќе од една држава. Партијата “Список за Ципрас“ (списокот на Ципрас) освои две пратеници на последните избори во Италија, додека таа беше основана со поддршка на грчката партија СИРИЗА на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Четирите партии во Ирска – Зелената партија, Шин Фејн, Народот пред профитот и Работничата Партија – се партии кои исто така се кандидираат за парламентот на Северна Ирска, како држава која е дел од Велика Британија.

Во ниво на изборите за Парламентот на Европската Унија (ЕУ), има вкупно 11 европски политички партии организирани врз основа на вредностите што тие ги претставуваат и произлегуваат од идеолошкото профилирање на политичките групи во 28-те земји-членки на Унијата. Високиот одзив на последните парламентарни избори во ЕУ дополнително го охрабри формирањето на транснационални партии.

На глобално ниво, функционира транснационалната партија, Друштвото на Муслиманските браќа, или едноставно позната како „Муслиманско братство“, која има за цел да ја оживее демократијата во амбиентот на религијата, што не е реалност во западните демократски земји.

Ако ВВ и АА, или други партии од држави каде живеат Албанци, ги прават овие унии засновани исклучиво на етничка припадност, тогаш се очекува да има регионални и меѓународни реакции веројатно заради горчливите искуства  што ги донеле етничките проекти во историјата на Балканот.

Ако ова беше унија за формирање на транснационален идеолошки субјект, во конкретниот случај на левицата (како што е ВВ), што ќе ги промовираше основните вредности на социјалдемократијата, тогаш ќе имаше комплементарно движење со европските вредности. Во овој случај, има потреба од појасно  профилизирање на партиите што би се гравитирале на такво движење. Засега, ниту ВВ ниту АА немаат јасно идеолошко позиционирање, но се движат од лево-десно, во зависност од темите на кои ги третираат пред својот изборен електорат.

Të fundit