петок, мај 17, 2024

ПОВЕЌЕ АФЕРИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ ПО ТРИ ДЕНА

Ако Заев се надева дека со наметнување на други теми на јавната агенда и влечење на резултатите од истрагата ќе избега од политичката бездна, тогаш тој несвесно оди кон политичката бездна. По 2016 година, кога јавното мислење дозна од „бомбите“ за целата зад сцена на криминално-корумпираната политика, заборавањето и простувањето повеќе не може да се користи како средство за решавање на работите.

Aвтор: Целал Незири

Кога Собранието на Северна Македонија го донесе Законот за основање на Специјалното Јавно Обвинителство на 15.09.2015 година, на јавното мислење му се покрена надежта дека конечно ќе се воспостави владеење на правото. Тројцата харизматични обвинителки на оваа институција – Катица Јaнева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи – беа видени од граѓаните на оваа земја, со заробени институции, како спасители на државниот систем кои создадоа неправда, неказнивост и сиромаштија. Резултатите од една анкета на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), спроведена во април 2016 година, покажаа силна поддршка за ПСП – 63 проценти од испитаниците веруваа во работата на оваа институција. Ова беше пријатно изненадување, со оглед на тоа што во минатите истражувања државните институции, особено оние на судскиот систем, уживаа минимална доверба во јавноста.

Истражувањето на ИРИ беше спроведено во истиот месец (април) кога поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов донесе одлука да ги помилува сите лица што биле цел на ПСП истрагата, врз основа на прислушкуваните материјали кои лидерот на опозицијата, сега премиер Зоран Заев, му ги предал на обвинителството. Ова ќе го означи првиот обид на мрежата на организиран криминал да ја погреби оваа институција која ја врати надежта за голема правда на човекот на Северна Македонија. Токму оваа одлука ги натера повеќе луѓе да организираат помасовни протести пред претседателството, што доведе до таканаречена „Шарена револуција“, која го отвори патот за промена на извршната власт.

Но, две години подоцна, анкетата спроведена од националната телевизија Телма и Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) дадоа разочарувачки резултати – мнозинството испитаници (53 проценти) рекоа дека не веруваат на ПСП. Истражувањето беше спроведено во декември 2018 година, кога ова обвинителство започна да ги дава првите знаци на сомнение дека станува збор за „трговија со правда и влијание“. Одложувања на случаи, недостаток на дејствување за нивно процесуирање, враќање на патни исправи, ослободување од притвор … ги натера сите граѓани да се прашуваат како тоа би можело да се случи. Уште повеќе кога прислушкуваните материјали, или „бомбите“ што Заев ги објави како дел од кампањата „Вистината за Македонија“, експлицитно укажуваа на вината на осомничените.

Во мај 2017 година, власта во Скопје била земена од новата влада на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) предводена точно од Заев, кој ги „испукаше“ бомбите за корупција и организираниот криминал. Овој момент дополнително додаде уште повеќе притисок врз ПСП и Заев за да покаже резултати во областа што ја користеше како причина за доаѓање на власт – бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Аферата „Рекет“ конечно ја погреба довербата не само на Специјалното обвинителство, туку и на целиот правосуден систем. Оваа афера беше сведок на деструктивната моќ на криминално-корумпираната мрежа, која кaко магиja останува недопрена од законот, без разлика каква политичка структура е на власт или кaкви институции се основани за да се борат против нив.

Ова афера покажа дека дури и новата влада на премиерот Заев има голем скапан дел, кој со голема брзина ја сруши целата моќ. Од доаѓањето на власт на СДСМ скоро секој ден, јавноста е потресена од корумпирани афери, непотизам и злоупотреба на службената должност. „Хајде, не ми кажувајте дека денес не се случило никаква афера“, таа е смеата која најчесто се користи на социјалните мрежи од граѓаните на земјата. Еден напишал: „Ги зајакнав мускулите на вратот со движење на главата од недоверба на скандалите што се случуваат“. Ако поминеше само еден ден без една корумпирана афера, тие (граѓаните) без сомнение би биле воодушевени од тоа како би можело тоа да се случи.

Може ли ситуацијата да се врати во нормала? Има само еден начин – да се осудат сите што се вклучени во аферата „Рекет“, без разлика дали се високи функционери на СДСМ, луѓе блиски до Заев, обвинители и судии, или дури и моќни и недопирливи олигарци кои ја купуваат својата слобода со парите украдени од даноците на граѓаните.

Досега се чини дека премиерот Заев и Основното Обвинителство бараат да купат време. Владата се надева дека и оваа афера ќе помине како најголема афера за време на управувањето на ВМРО-ДПМНЕ (2006-2016), на начин „секое чудо трае три дена“. Основното Обвинителство, кое мораше да спроведе брза и ефикасна истрага, отиде на колективно отсуство во екот на аферата. Ова се сметаше како обид да се остави овој скандал на заборав.

Дури и изјавата на премиерот Заев дека „нема да дозволи еден суетен новинар, некои криминалци и еден педер да ја собори владата“ се виде како обид да се отстрани од јавната агенда темата „Рекет“. СДСМ, одобри уште една декларација за борба против корупцијата, кои истовремено во името на реформите ги разреши потпретседателите на партијата и генералниот секретар, бидејќи дел од нив беа видени во друштво на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, главната личност во аферата „Рекет“

Ако Заев се надева дека со наметнување на други теми на јавната агенда и влечење на резултатите од истрагата ќе избега од политичката бездна, тогаш тој несвесно оди кон политичката бездна. По 2016 година, кога јавното мислење дозна од „бомбите“ за целата зад сцена на криминално-корумпираната политика, заборавањето и простувањето повеќе не може да се користи како средство за решавање на работите. 

Само искрена политичка волја, која ќе ги донесе пред лицето на правдата најмоќните политички и деловни личности кои го прекршија законот, може да ја вратат довербата во државниот систем и да ја спасат политичката кариера на премиерот. / ПСК

Të fundit