петок, јуни 21, 2024

„МАКЕДОНСКАТА САЛАТА”

Стравот дека Првиот албански премиер, Талат Џафери, би можел да го продолжи мандатот за некоја недела или месец, не е никаков македонски изум. На стариот континент има мноштво слични примери. Но, таквиот страв е израз на националната нетрпливост која за жал во политичките науки има друго име!

Пишува: Сељадин Џезаири

Eлем, во Скопје, и ден денес, се почесто ја побиваат старата легенда (од XIX век) за „македонската салата“ со која биле послужени учесниците на Версајскиот догорвор од 1919 година. Салатата била плод на бујната фантазија на готвачот, кој, како што вели урбаната легенда, да ти бил нашинец кој со ситното сецкање на овошјето алудирал на верското и етничко шаренило на неговото родно место.

Во пресрет на претсаедателските и парламентарните избори, се чини заради ова се повеќе се кршат копјата за стратешките државни, национални, или општествени, определби на политичките партии и нивните кандидати за Вилата на Водно.

Иако навидум неприципиелна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ (VLEN), нели г. Мицкоски ја поскакува како владин партнер, утре, сепак не е дека не се гледаат, уште сега, огромните разлики за идната владина коалиција: позицирањето на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на македонските национални стратешки определби е кристално јасно, што не може да се тврди и за новоформираниот албански опозициски блок наречен VLEN, кој настојува да „плива„ меѓу каузата, слична на она на Мицкоски за политичкото пензионирање на Али Ахмети и воспоставувањето на вистинска рамноправност на Албанците. Колкав ќе биде ќарот на помошта од страна (подршката од косовскиот премиер, Аљбин Курти), останува да се види веќе на 25 април, по првиот круг од претседателските избори, кога ќе се знае односот на силите помеѓу четирите партиски кампови, како кај Македонците, така и кај Албанците.

Наспроти јавните пораки  од „Белата палата„ кон блокот предводен од Арбен Таравари за идната „соработка“, пак, убеден сум дека се ќе зависи од длабочината на победата на фаворизираната ДПМНЕ која секако нема да ја повтори грешката од минатото, не толку поради албанскиот иден партнер, колку поради самата себе. Сакам да кажам дека се ќе зависи од бројките во новиот состав  на Собранието. Парламентарен состав кој од постоењето на државата  ја отсликува горенаведената „македонска салата“. Во таков мозаик, без сомнение, најсветлата боја овој пат ќе го наметне таканаречениот „Европски фронт“ предводен од Ахмети и неговата партија.

Оттука реакциите од типот „ако е точно тоа што го вели претседателскиот кандидат Бујар Османи – дека нема да има влада без уставни промени – тоа значи дека тој и ДУИ брутално ги уценуваат изборниот процес и демократијата“ – се за еднократка употреба!

Освојувањето на власта, преку избори, нели, не треба никому да му биде „трн во око“. Тоа е едно. Друго, политичките партии на Албанците, и од опозицијата, и позицијата, до сега енергично застанаа зад концептот и нашата земја да биде дел од евро-атлантското големо семејство. Не играа мајтап со ваквата стратешка определба, ставајќи се при тоа и во одбрана на националниот, па и јазичниот идентитет на Македонците!

Малкумина од Албанците во регионот не го посочуваат, како главен аргумент наспроти другите, да речеме илирското потекло, признаваќи ја при тоа македонската нација,  која пак се оспорува не само од соседните Бугари и Грци, туку и од Србите!

За сите, без разлика кој каде спаѓа и кој со кого шурува, поразот ќе биде болен. Но пред сите политичките партии,  влезени во оваа претседателска и парламентарна трка, деблокирањето на процесот за полноправно членство во ЕУ треба да остане примарна цел. А тоа не може без промената на Уставот. И тоа е никаква валкана работа. И поради фактот што, патем речено,  ќе се зголеми бројот на носителите на бугарски пасоши, а бога ми и на албанските, поради тврдокорноста на нашите бранители на македонштината која не се оспорува нити во Вашинтон, нити во Берлин или Брисел.

Стравот дека Првиот албански премиер, Талат Џафери, би можел да го продолжи мандатот за некоја недела или месец, не е никаков македонски изум. На стариот континент има мноштво слични примери. Но, таквиот страв е израз на националната нетрпливост која за жал во политичките науки има друго име!

 

Të fundit