четврток, мај 16, 2024

ЗА ОМРАЗАТА И ЉУБОВТА (МЕЃУСОСЕДСКА)

Поранешниот лидер на Либералната Партија, Иван Величковски, деновиве преку социјанлите мрежи зборуваше за “длабински судир на Македонците и Македонија со југо-македонизмот на Скопје”. При тоа, подвлекува тој, “партиите на Скопје, заглавено во 1983, и натаму повикуваат на „обединување против Албанците за да ги победиме Бугарите”! Се подразбира дека тревогата за наводните закани кон македонската нација можат да бидат и дел од предизборната кампања, но претерувањата се претерани за да им се верува. Барањата на “сојузниуци” во дел од соседсвото, пак, им штети и на меѓуетничките односи. Зарем ги заборавивме поделбите на “патриоти” и “предавници”?   

Пишува: Сељадин Џезаири

Не знам колку македонски Срби и Македонци ќе присуствуваат вечерва на големиот митинг свикан од српскиот претседател, Александар Вучиќ, во загреаната меѓуетничка, мошне тензична атмосфера. Нема да се чудам ако организаторот од бината ги поздрави „учесниците од Јужна Србија“ ! Секако, поаѓајќи и од  последните сондажи според кои за голем број Македонци – Србија ни е најдобриот сосед!

Деновиве, попранешниот лидер на Либералната Партија, Иван Величковски, преку социјаллите мрежи зборуваше за “длабински судир на Македонците и Македонија со југо-македонизмот на Скопје”. При тоа, подвлекува тој, “партиите на Скопје, заглавено во 1983, и натаму повикуваат на ‘обединување против Албанците за да ги победиме Бугарите’”!

Всушност, имам впечаток дека (можеби сум и субјективен!), и историски, Албанците имаа мошне позитивен однос кон “македонската кауза”. На пример, од Крушевската Република, Првото заседание на АСНОМ, првиоот попис на населението во Енвер-Хоџина Албанија (1945), според кој тогаш кај нашиот сосед живееле  14.400 Македонци, а ниеден Бугарин, до признавањето на независноста на Македонија (1991) од страта на официјалната Тирана.

Ова се фактите, но да се задржиме на темата, односно на отсуството на чувстово за реалноста кај огромен дел од Македонци кои и ден денес сметаат дека не се може со “шиптарите”, па оттука и  точната диjагноза на почитуваниот Величковски за постоењето на распространето мислење на (пак кај огроминиот дел Македонци!) “ ’граѓански’ концепт во две брзини, до и од Групчин”!

Без да претерувам, погледните и прочитајте ги реакциите за Коридорот осум, што доаѓаат претежно од душегрижниците на макенонштината, како истиот проект да не е наш, како да не спојува држави и народи, од Бугарија, преку Северна Македонија, до Албанија, и како всушност да ни ја распарчува државата!

Оттука чинам дека Македонците, а Бога ми и Албанците, треба да научат од оставштината на своевидните нивни филозофи, Итар Пејо и Насрадин Хоџа:

“Дали знаете како Насрадин Хоџа ги броел 30-те дена од месецот Рамазан? За секој ден ставал по еден камен во тенџере. Неговата мала ќерка видела што прави татко и, па решила да му помогне во собирањето камења. Без знаење на татко и, ставила уште неколку камчиња во тенџерето.

По неколку дена, еден од соседите  го прашал Насрадин: „Море, кој ден на пост е денес”? Насрадин истрчал до лонецот и ги преброил камењата. Кој знае колку се изненадил кога преброил вкупно 125 камчиња! Од страв да не биде исмеан од комшијата, му одговорил: “Денес е 45-от ден од Рамазан“!

Соседот се изненадил и го прашал: „Како е можно тоа, кога се знае дека целиот месец Рамазан има само 30 дена”?

Насрадин Хоџа наеднаш се досетил: „Ако го прашаш тенџерето, денеска треба да биде 125от ден!“ – вели една од приказните за Насрадин Хоџа.

Слични пораки има и за мариовецот Итар Пејо:

“Како сите другари, и Пејо требаше во 1914 година да положи клетва за верност кон кралот и татковината Србија.

Се постројила Пејовата чета, а попот застанал пред неа. Им одржал на војниците цела проповед за значењето на заклетвата што ќе прочита. И почнал:

„Ја (кажи си го името и презимето, рекол попот и сите си ги изговорија своите имиња и презимиња, па и Пејо), заклињем се (продолжил попот), а војниците по него. Но Пејо наместо „заклињем се“ изговорил „запињем се“, (на што комшијата му потфрлил – не запињај се толку, Пејо), јединим и свемогуќим Богом и свим што ми је на овом свету најмилије и на оном најсветлије, да ќу своме краљу и отаџбини веран бити и да неќу и свој живот пожалити за њихову част и славу. Тако ми бог помогао – Амин!”.

Така прочита попот, и така повториле војниците, но Пејо на едно место „згрешил”:

Кога рекол попот „да неќу свој живот пожалити”, Пејо само тоа последното малку го позавртил како што нему му чинело и рекол место „пожалити” — „положити”, та излезе дека Пејо неќе свој живот положити за краља и за отаџбину”.

Затоа при првото сретнување со Австријците, се предал за да стапи во бугарската „освободителна” Армија како „Б’лгарин од Македонија”, без да се плаши од дадената клетва, која и на новиот цар ќе му ја даде”!

Се подразбира дека тревогата за заканите по македонската нација можат да бидат и дел од предизборната кампања, но претерувањата се толкави што тешко е да им се поверува. Барањата “сојузниуци” во дел од соседсвото, пак, им штети и на меѓуетничките односи, внатре во земјата. Старата поговорка вели дека соседите не се бираат! Зарем ги заборавивме поделбите на “патриоти” и “предавници”?

 

Të fundit