петок, јуни 21, 2024

ИЗВЕШТАЈ НА ГИ: КОЛКУ Е УСПЕШНА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

На лондонскиот самит од Берлинскиот Процес во 2018 година, владите од Западен Балкан, се обврзаа дека ќе ја засилат битката против корупцијата. Колку навистина е таа успешна ? Новиот извештај на Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) насловен како Западен Балкан Анти-Корупциски монитор на заложби ги надгледува ветувањата кои беа дадени и го следи нивниот напредок и процс почнувајќи од 2019 година.

Извештајот, е предводен од граѓанскиот сектор, а е базиран на анализа обезбедена од страна на експерти за анти-корупција од шестте земји на Западен Балкан, кои испитуваа корупција и нејзиното влијание врз владеењето во секоја земја од регионот и ја разгледуваа анти-корупциските мерки, како и обиди на владите да се справат со корупција. Сето е едено од малкуте, ако не и единствено, сеопфатно оценување, на спроведувањето на заложбите не Берлинскиот процес од 2018 година.

„Битката со крупцијата е јасен приоритет на Европската Унија“ рече авторот Сунцана Роксандиќ која нотираше дека светската „корупција“ е спомената 88 пати во ЕУ 2020 Комуникација. „Битката со корупцијата е исто така приоритет на цивилното општество во Западен Балкан, со надеж дека за исто се залагаат и владите“ рече Роксандиќ.

Вториот извештај насловен како Политичка Економија на Организираната Корупција и Анти-Корупција се осврнува на факторите кои овозможиле организираниот криминал да цути во регионот и на импактот на овие појави. Извештајот посочува дека иако е направен значителен напредок во имплементирањето на анти-корупциската легислатива, во инситуциите и во нивните стратегии за делување, ефективниата употреба на овие мерки и тела честопати недостасува во пракса. Резултатот е состојба која извештајот ја именува како „организирана корупција“ – симбиоза на организиран криминал, криминални методи и корупција на високо ниво, која креира пукнатини во екосистемот кој овозможува заштита на тие кои имаат пристап до моќ.

„Организираната корупција не е само поврзана со системска незаконска финансиска корист туку е и уникато влијание во процесот на носење на одлуку но истовремено е и системско „поткупување“ и „ширење на влијание“ за социјална поддршка за да се остане или добие позиција на политичка и економска моќ “ објасни водечкиот автор на извештајот Углеша (Уги) Звекиќ.

Џон Пенросе британскиот пратеник и шампион на Обединетот Кралство во борбата против Анти-Корупциското заедно со Марк Шо Директорот на Глобланата Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал го поздравиja растечкиот фокус на Берлинскиот процес кон борбата против корупцијата и изразија надеж дека „овие извештаи ќе помогнат да се обезбедат информации за тековните и идните антикорупциски иницијативи, како што се Патоказот за нелегални финансии и борбата против корупцијата“. Тие посочија дека „овие извештаи даваат добра основа за систематско следење на исполнувањата од ветувањата за борба против корупцијата“. Ние веруваме дека соработката помеѓу граѓанското општество и владите, како и меѓународната соработка, ќе има нашиот оклоп против корупцијата “.

Извештајот посочува препораки за тоа како да се трансформира културата на криминалот и корупцијата во клима на интегритет за да се осигура дека законот е еднаков за сите. Клучот
ниту, пак, наодите на извештајот ќе бидат презентирани на панел дискусија преку Интернет на 6 мај во 14 часот. Извештаите ќе бидат презентирани од авторите Углеша (Уги) Звекиќ и Сунцана Роксандиќ, и тие ќе бидат коментирани од меѓународни експерти, проследени со разговори со публиката.

Глобалната Иницијатива против Транснационален Организиран Криминал (ГИ-ТОК) е мрежа на професионалци кои работат на првите редови ви битката против нелегалната економија и криминалот. Преку глобалната мрежа на опсерватории на граѓанското општество за нелегалната економија, ГИ следи трендовите и работи на создавање докази за дејствување на јавните политики, дистрибуирајќи експертиза на нашата мрежа и катализирајќи мултисекторски и холистички одговори на цела низа видови на криминал. Со Фондот за отпорност, Глобалната Иницијатива ги поддржува активистите на локалните невладини организации кои работат во области каде е опфатен криминалот кој ги поткопува безбедноста, сигурноста и животните шанси на луѓето.

Të fundit