сабота, мај 18, 2024

Општините во земјата со недостаток на јавни тоалети 

Недостатокот на јавни тоалети е една од проблематиките со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на целата територија на Северна Македонија. Во повеќето градови јавните тоалети или ретко или не постојат воопшто. Надлежноста врз јавните тоалети и припаѓаа на локалната самоуправа, но досега не е направено доволно за решавање на овој проблем.

 

Автори: Фисник Џелили и Валон Салаи

 

⦁ Главниот град со само три јавни тоалети 

На Скопје, како главен град на Македонија, а исто така и град со најголем број жители, се чини дека недостатокот на јавни тоалети му е најпроблематичен. Постојат три јавни тоалети низ целиот град. Два од јавните тоалети се наоѓаат во градскиот парк, а другиот се наоѓа близу реката Вардар, односно под мостот „Гоце Делчев“. Вреди да се напомене дека во територијата околу центарот на градот нема ниту еден јавен тоалет.

Портпаролот на Град Скопје Валон Салиху вели: „Во согласност со Законот за Град Скопје, кој прави разлика на надлежностите меѓу градот и општините, јавните тоалети во градот се во надлежност на општините. Само три јавни тоалети се под наша надлежност“.
Додека пак, за одржување на овие три тоалети се грижи јавното претпријатие на градот „Паркови и зеленило“.
Од Општина Центар велат дека размислувале за ставање на располагање на неколку јавни тоалети во центарот на Скопје. Но, ова како идеја нема да може да се оствари, барем не за 2021 година. Емил Лазаревски, член на кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ, вели: „Сме размислувале да градиме јавни тоалети во центарот на Скопје, но за 2021 година не е предвидено остварување на оваа идеја. А што се однесува до следната, 2022 година, не знам дали ќе бидат доделени средства за истите“.
Граѓаните на Скопје ја изразуваат својата загриженост за недостатокот на јавни тоалети и сметаат дека решението е итно.
„Не ја знам причината зошто нема тоалети, но знам да кажам дека овој срам треба да му се отстрани од нашиот главен град што е можно поскоро“, рече една граѓанка.
Еден друг граѓанин вели: „Честопати ми се случувало да одам во угостителски објекти без желба да пијам кафе, само да го користам тоалетот на кафеаната“.
„Јас сум стар човек. Секогаш морам да внимавам да извршувам физиолошки потреби пред да заминам од дома, бидејќи знам дека во град недостасуваат јавните тоалети“, додава друг граѓанин.

⦁ Тетово, со еден тоалет во служба на граѓаните 

Тетово е другиот град каде што ова е проблематика сама по себе. Нема јавни тоалети.
Еден од единствените тоалети што функционира во Тетово се наоѓа близу Шарената Џамија. Тој, според постарото лице кое го одржува, е изграден од Општина Тетово но му припаѓа на паркот на Шарената Џамија. За одржувањето се грижи постарото лице, кое вели дека не добива никаков надоместок за ова, средствата кои ги добива зависи од тоа колку корисници на тоалетот има и од сумата што ја плаќаат. Со тие пари се покриваат и трошоците за одржување.

Од Општина Тетово велат дека во предлог-програмата на општината за општински дејности предвиделе поставување на јавни мобилни тоалети во централниот дел на градот, но истото не било спроведено. „Причината за неспроведување на овој проект беше недостатокот на соодветни јавни места и трошоците за нивно одржување“, додаваат од општината. Според нив, евентуалното лошо управување со јавните тоалети би довело до дополнителни проблеми кои ја загрозуваат благосостојбата и здравјето на граѓаните.

Општинската советничка при општина Тетово, Хатије Етеми вели дека во Советот на општината никогаш не се дебатирало за јавни тоалети и дека за овие три години, откако е дел од Советот на општината, ова никогаш не било на дневен ред.
„Ова не беше покренато како прашање бидејќи се занимавале со основни прашања што го засегаат градот како што се: вода, патишта, канализација, кучиња скитници и други. Но, не ја исклучува можноста тоа да се покрене како прашање на следните сесии“, додаде советничката Етеми.
Граѓаните на Тетово се загрижени за недостатокот на јавни тоалети и велат дека во врска со ова треба да се преземат мерки што е можно побрзо.
„Поради недостаток на јавни тоалети, често е принуден да користи тоалети во ресторани или кафулиња, за да може да извршува лични потреби“, вели граѓанин на Тетово.

⦁ И Гостивар со еден јавен тоалет 

Гостивар е град кој има само еден јавен тоалет. Сместен е во Градскиот парк, односно во едно од најфреквентните места на градот. Земајќи ја предвид големината на градот и големиот број жители што живеат во него, еден јавен тоалет не е доволен.
Од Општина Гостивар велат дека немаат било каков конкретен план во врска со јавните тоалети.
„За 2021 година, во програмата за екологија на општинскиот буџет има средства што можат да се искористат за јавни тоалети, доколку има барања од граѓани“, велат од Општина Гостивар.
Како што неофицијално дознаваме од советот на општина Гостивар, ова тело досега никогаш не дискутирало по ова прашање.

Недостаток на јавни тоалети се забележува во сите други градови како Охрид, Струга, Дојран и Преспа, кои во текот на летото имаат и многу посетители.

⦁ Како цивилниот сектор гледа на оваа појава?

Освен што се основна потреба, јавните тоалети имаат позитивно влијание и на зачувување на животната средина, хигиената и здравјето на граѓаните. Елмедина Абдулахи од Движењето Мајка и Дете вели дека потребата од јавни тоалети е нешто многу очигледно, така да не е доволно само да бидат поставени, но истите мора и да се одржуваат.
„Образложението од страна на општините е смешно; на граѓаните не им обезбедуваат таква услуга затоа што тие не се во можност да ги одржуваат. Несомнено е дека е потребно и сигурна сум дека постојат стандарди што можат да се следат, но само со волја на релевантните институции, иако знаеме дека истата не секогаш постои“, рече Абдулахи.
Инаку, во светот, од 2001 година, секој 19 ноември се одбележува Светскиот Ден на Тоалетот. Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свеста за важноста на јавните тоалети, јавното здравје и јавната хигиена.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД

Të fundit