сабота, мај 18, 2024

OWLYPIA ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 28-29 НОЕМВРИ

Поради Ковид-19 “Нов Предизвик за младите во Република Северна Македонија – OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge 2020”, локалната рунда ќе се одржи виртуелно на 28-29 Ноември 2020, известува колеџот „Јахја Кемал“, пренесува КДП.

Owlypia е возбудлив меѓународен натпревар за учениците на возраст од 9-11(Owlins) години, 12-14(Owlets) години и од 15-18(Owlys) години. Целта на овој натпревар е да ја инспирира интелектуалната љубопитност на секој млад ум, Тема на овогодишниот натпревар е ː Тимска работа- Заедно да постигнеме. Во Owlypia учениците можат да учествуваат на три натпревари: Owlypia- Интернет, Owlypia-Локал, Owlypia-Глобал (Кембриџ ,бостон во САД).

„Со учество во низа тимски предизвици во пет различни тематски области, младите интелектуалци ќе имаат можност да ги споделат своите креативни идеи, да ги развијат своите мултидисциплинарни академски вештини, да го откријат својот потенцијал, да градат самодоверба, да развиваат вештини за тимска работа.“

„Тимски предизвици: Работа во група од тројца ученици кои ќе се соочат со пет различни предизвици: тест на одбраната тема (knowledge challenge), пишување состав(pen down challenge), дебатирање( speech-craft challenge), импровизиониран говор (Impromptu challenge) и тимски тест(Team Spirit Challenge).“

„Owlypia се состои од пет теми, тие се: социјални студии, уметност и дизајн, литература и култура, наука и технологија и економија и бизнис. Учениците избираат еден од дадените предмети и се подготвуваат за натпреварот со користење на дадените ресурси кои се дадени за тој предмет.“

Како што се најавува официјално, локалната рунда Owlypia во Република Северна Македонија се одржа 2 пати во ПСУ “Јахја Кемал”, Локалното рунда Owlypia 2020 Република Северна Македонија ќе се одржи виртуелно, заради КОВИД-19.

„Ако уживате во размислувањето, пишувањето и зборувањето во социјално и акедемски стимулирачко опкружување , тогаш ова е предизвик за вас. Ги покануваме учениците од основните и средните училишта да се пријавуваат на овој натпревар, Код за попуст што учениците можат да го користат за време на регистрацијата: MAC978. Повеќе информации на: https://www.owlypia.org/owlypia-local/. Контакт меил: [email protected].“, стои во соопштението на „Јахја Кемал“.

 

Të fundit