сабота, јули 27, 2024

НИЕ СМЕ ЕВРОПЕЈЦИ, НИЕ СМЕ НАТО

Автор: Џелал Незири

Пандемијата COVID-19 ги затвори дома повеќето граѓани во Северна Македонија, предизвикувајќи страв и неизвесност за тоа што ќе донесат наредните денови. Истата ситуација е присутна кај граѓаните ширум светот – страв, вознемиреност и нихилизам.

Во овие денови, кои личат на апокалиптични филмови, се чини дека вирусот повеќе го погодува менталното здравје на политичките стада отколку белите дробови на пациентите со корона. Чудни идеолошко-религиозни коктели на непоправливи нихилисти, обединети околу политичките проекти во албанската географија, изгледаат како дезиорентирани на јавниот простор: тие ниту ја тресат главата на тоа што може да донесе вирусот во наредните денови или месеци, ниту што ќе донесе нивната луда политика на долгорочен план. За овие опасни експериментални коктели ќе се вратиме во некој иден случај, кога вирусот ќе помине, а со тоа и ефектот на короната врз главите на самоуништувачките платеници ќе биде поблага.

Сега, да се вратиме на реалните проблеми на граѓаните, кои не можат да се решат ниту со идеологија ниту со популистички софизам. Корона вирусот ќе помине, но она што ја чека идната влада на Северна Македонија, и не само што е навистина предизвик: глобалната рецесија ќе влијае повеќе на кревката економија на земјата и регионот, што може да произведе други нус-ефекти за безбедноста.

Велат дека вистинските пријатели се гледаат во тешки времиња. Токму во ова време кога живееме со аксиозност од непознатото за следните денови, НАТО и ЕУ донесоа голема вест. Со заклучувањето на постапката во Стејт Департментот на САД, откако сите држави го усвоија протоколот за зачленување, Северна Македонија ја реализира стратешката ориентација за која работеа неколку генерации визионерски политичари од 1992 година – станувајќи дел од НАТО како најмоќна воено-политичка организација во светот.

Пред неколку дена, водачите на државите и владите на ЕУ ги одобрија заклучоците на Советот за општи работи да им дадат на Северна Македонија и Албанија долгоочекуваниот и заслужениот почеток на разговорите за зачленување. Двете балкански земји, сега како членки на НАТО и како кандидати кои влегоа во процесот на преговори за да бидат дел од ЕУ, ќе имаат пристап до фондовите за солидарност и ќе бидат вклучени во заедничката борба против невидливиот непријател.

Оваа гаранција за безбедност и благосостојба на граѓаните, понудена од Евроатлантските структури, е добра вест во овие мрачни времиња во кои минува светската цивилизација поради вирусот со потекло од Кина. Целосното членство во НАТО и влегување во еднонасочниот пат за во ЕУ ќе ги направат овие земји да бидат дел од одбранбениот систем против сите опасности од заразни влијанија кои го попречуваат економскиот развој и нивниот целосен напредок.

Да, Северна Македонија сега е 30-та членка на НАТО заедно со Албанија, Грција, Бугарија, Хрватска и Словенија. Северна Македонија и Албанија се во процес на преговори за членство во ЕУ, исто како Црна Гора и Србија. И покрај анксиозноста на коронавирусот, скоро сите граѓани славеа и уживаа во вестите. Тоа навистина е остварување на сонот за слобода, еднаквост, демократија, правна држава и почитување на човековите права, како фундаментални и неприкосновени вредности над кои се подигнати НАТО и ЕУ.

Të fundit