сабота, јули 27, 2024

ЦРНИОТ НОЕМВРИ И ХУМАНИЗМОТ

„Реалното шоу“ на политичарите се чини уште еден проблем што зборува за макијавелистичкиот менталитет кога станува збор за победата на следните избори. Во ред е и е задолжително за политичките претставници да бидат со луѓето во потреба во овие случаи, но не „во живо“ од партиските медиуми кои, дури и во оваа трагедија, ги туркаат агендите на политичките лидери.
 
Пишува: Џелал Незири 

Ноември е празничен месец за етничките Албанци низ целиот свет од две причини: на 22 ноември 1908 година, беше утврдена албанската азбука што ја обединува ова етничка припадност, додека на 28 ноември 1912 година беше прогласено етничкото знаме на Албанците и албанската држава прогласи независност.  Исто така, последниот петок во ноември е познат како „црн“, бидејќи продавниците во многу земји низ светот прават огромни намалувања на цените за да ја исчистат стоката.

Овој празничен петок и на „црниот петок“ всушност се претвори во „црн ноември“ за Албанија, регионот и светот. Бројот на жртви од земјоsтресот во албанскиот регион Драч се искачи на скоро 50, додека спасувачите сè уште имаат надеж дека ќе исзвадат живи луѓе од ужасните урнатини. Драч, омилен град за туристите, сега е скоро ненаселен. Бројни станбени згради се очекува да бидат пуштени надвор од употреба заради сериозното оштетување на нивната структура. Стотици семејства ќе бидат бездомници и тоа токму за време на зимската сезона.

Тоа е една апокалиптична сцена за која никој досега не мислел дека ќе се случи. Ниту службените лица од општините погодени од земјотрес не го замислиле овој хорор кога дале дозволи без неопходно планирање и испитување, ниту градежниците ги зедоа предвид стандардите на зградите што ги градеа, ниту купувачите на зградите не размислувале затоа како била изградена зградата каде што би создале она што требало да се нарече топла куќа.

Сите размислуваа само за цената: службениците размислуваа за нивните џебови и на партијата, градителите за нето-профитот и купувачите за ниската цена на метар квадрат. Сега, кога земјотресот беше најразорен во последниот век, службениците сфатија дека стандардите не се купуваат со мито, туку строго се спроведуваат, градежниците станаа свесни дека нестандардните инвестиции се враќаат како бумеранг додека купувачите – цената не мора секогаш да биде одредувачки фактор за купување стан. Појавата на нестандардни надградби над зградите е уште една опасна авантура, која сепак беше дозволена од надлежните.

Земјотресите, како и секоја друга природна катастрофа, е тешко да се предвидат. Но, државата мора да биде подготвена во сите форми да ги спречи или минимизира последиците, со наметнување стандарди или да се справува со кризните ситуации што ги предизвикуваат овие катастрофи. Позитивно беше мобилизацијата, хуманоста, солидарноста и сочувството на етничките Албанци ширум светот за жртви на истиот народ или етничка припадност во Албанија. Исто така, имаше невидена солидарност од сите балкански земји, ЕУ и земјиниот глобус. Единици за пребарување и спасување од Северна Македонија, Косово, Грција, Хрватска, но и Србија спасија десетици животи заробени и беспомошни под моштите .

Тоа што се појави како проблем беше недостаток на организација и координација на собирање на бројната помош. Никој не знаеше што собира, што создаде хаос што служеше за ширење лажни вести за да се демотивира хуманизмот и солидарноста.

Не беше формирано сеопфатно тело за координација што ќе објави каде и што може да се донира, кој е овластен – која институција или организација – во сите држави, Но во Албаниаја нема центар што ќе ја информира јавноста за сите случувања и нема отворање или координација со експерти надвор од Албанија кои имаат искуство со земјотреси, како што е во Италија, Јапонија, па дури и Северна Македонија. Се чини дека секоја личност, организација, институција, клуб, град или село организира собирање помош без координација со Албанија во однос на реалните потреби на луѓето погодени од земјотресот.

„Реалното шоу“ на политичарите се чини уште еден проблем што зборува за макијавелистичкиот менталитет кога станува збор за победата на следните избори. Во ред е и е задолжително за политичките претставници да бидат со луѓето во потреба во овие случаи, но не „во живо“ од партиските медиуми кои, дури и во оваа трагедија, ги туркаат агендите на политичките лидери.
 

Албанија, исто така, ќе има многу работа со санирање на оштетувањата од земјотресот. Исто така при регулирање на хаосот во градежништвото предизвикано од урбаната мафија. Правилното управување со донациите ќе им овозможи да продолжат сè до целосната реконструкција на Драч, Каваја и околните области погодени од земјотресот. Напротив, земјотресот, од вибрации на земјата, може да се претвори во политичка вибрација со поголеми последици за Албанија.

Да го илустрирам несериозниот пристап на албанските институции, ве потсетувам на извештајот на Институтот за градежништво во Тирана пред седум месеци. На почетокот на април, овој Институт подготви извештаj со кој се препорачува уривање на двасетосумната палата во првата линија на плажата кај Каваја, Драч. Тоа е највисокиот хотел, со застрашувачка градба, која албанските власти не успеаја да ја урнат. Сепак, се вели дека овој хотел го издржал последниот земјотрес. / КПД

Të fundit