сабота, мај 18, 2024

ВО “ТЕМНИОТ” ТУНЕЛ НА ОЧАЈОТ И ПОПУЛИЗМОТ

Магливата видливост на интеграција може да произведе изборни битки над реалните очекувања на граѓаните. Кршливоста на европската перспектива што произлегува од не отворањето преговори може да стимулира остра доза на популизам. Преку странични настани, партиите веќе ја започнаа раната кампања. Нова политичка енергија што ќе ги поттикне евроатлантските аспирации останува неопходна.

Автор: Бардил Заими

Изборните периоди обично покажуваат момент на политичка чувствителност и артикулација. Изборите се најдобриот инструмент за функционирање на демократијата. Политичката плуралност има смисла во изборната трка во форма на изборни опции. На изборите, владејачките партии даваат одговорност за своето владеење, додека опозициските партии нудат свој концепт различен од претходниот. Изборната кампања останува збир на политички идеи и концепти насочени кон волјата на мнозинството избирачи што последователно произведува управување за следниот мандат.

Изборните кампањи веќе започнаа во Северна Македонија преку партиски настани што служат за „разбудување“ на членството и сомпатизантите на партијата. Ова е пролог на партиски мотивации и инспирации преку странични настани што навистина се дел од раната кампања. Сите политички партии веќе почнаа да ги запалат моторите за мобилизација, постигнувајќи можна победа на изборите што се очекуваат на 12 април.

Изборните кампањи, покрај политичките суштини што можат да ги понудат, честопати нудат и „ситни“ несогласувања на партиите. Понекогаш овие безкорисни несогласувања триумфираат над реалните и модерните политички артикулации. Партиите обично се пуштаат во ирационални ветувања отколку во конкретни политички визии кои можат да создадат различен квалитет на застапеност и социјална монотонија. Но, ова останува нивна одлука во дефинирањето на изборните стратегии, додека контекстот на општо депримирање им наметнува далеку посуштински артикулации во однос на уморните граѓани од сè.

Северна Македонија на овие избори исто така стои во еден исклучително кревок геополитичка контекст што наметнува поодговорна предизборна кампања и посинхронизирана со сета планиметрија на граѓанското разочарување, другите потенцијални влијанија врз регионот кои произлегуваат од необјаснетиот статус кво до крај послужено од ЕУ и тоа под влијание на француското вето.

Оваа изборна кампања, покрај вообичаените теми за мобилизација на етничкиот терен, ќе треба и политички да ја артикулира оваа политичка вкочанетост со која ќе се соочи секоја победничка партија, имено владејачката коалиција. Овој контекст е утврден од сложени фактори внатре во рамките на ЕУ за кои не се знае како да се координираат во иднина.

Северна Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, веќе се во состојба на безнадежен очај, во состојба на нетрпеливост, што е последица на типичен европски контингент на процесот на проширување.

„Не“ за Северна Македонија и Албанија не е само каприциозна француска одлука олицетворена во ликот на претседателот Макрон, кој бара протагонизам на европската сцена. „Не-то“ спротивставувано од Германија и другите земји членки оди многу подлабоко во европското битие, во целата своја внатрешна визија, но и во неговата визија за Западен Балкан насочен преку Самитот во Солун во 2003 година и Берлинскиот Процес.

Тие се низа состаноци, документи и ангажмани, кои преку кохерентна проекција создадоа голема надеж за вклучување на земјите од Западен Балкан во агендата на ЕУ, во прв ред како стандардизација со европските практики, во инвестиции во сите области, но и во усогласувањето со доброто управување што го подразбира европскиот концепт.

Најновата одлука на Европскиот Совет да го одложи започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, ги надминува вообичаените очекувања за друг самит, бидејќи целата дебата што се одвива на европско ниво, диктирана од Франција, открива и подлабоки прашања во Европската Унија кои сè уште не знаат како ќе се одгледуваат, кога и каков епилог ќе добијат. Овој непредвидлив контекст за „силата“ на балканските земји создаде „застрашувачки“ вакуум што веќе се зголемува од меѓународните претставници и медиумите.

Во подолг извештај деновиве за француското „Не“ и за генералниот очај во Западен Балкан на БиБиСи, меѓу другото, се вели дека „метежот на ЕУ, исто така, испрати мрачна порака за целиот Балкан“. И над оваа создадена конфузија од француското вето веќе е напишана од скоро сите медиуми со меѓународна важност, истакнувајќи ја можноста за други влијанија на Западен Балкан. Веќе е јасно дека ова „Не“ останува премногу комплицирано да се дешифрира како оправдување или да се корегира на краток рок.

Сепак, внатре во овој контекст со многу непознати и со многу импликации поврзани со иднината на ЕУ, тие мора да го прошират својот стремеж за отворање преговори и членство за балканските земји. Еден широк контекст што создава нетрпеливост, вкочанетост и честопати депресија. Сите овие чувства остануваат присутни во време кога се чини дека Европа го ревидира својот концепт на функционирање, особено по Брекзит и по преиспитувањето на процесот на проширување.

Во овие услови треба да функционираат земјите од Западен Балкан, кои веќе покажаа проевропска ориентација.  Но, се чини дека ова е само реторичка страна на ова видливост што постојано се замаглува од протагонистите кои го користат целото зближување на ЕУ со Западен Балкан за софистицирано промовирање на скептицизам и антиевропски дух.

Во последно време оваа нејасна слика им овозможува да „проповедаат“ геостратешки прегледи. Ситуацијата станува уште покомплицирана во време кога сите политички чинители во изборниот период се повеќе насочени кон потенцијални победи, додека целата енергија се троши токму во овие битки што не можат да имаат никаква смисла, освен ако не се во координатите за интеграција.

Предизборните периоди постојано се користени за рехабилитација на злоупотребите на моќ без разлика во кое време се случија овие злоупотреби. Целиот овој контекст, всушност, им овозможува на партиите во овој предизборен период да се концентрираат повеќе на нивните агенди за победа, што е многу нормално, и многу малку да се грижат за еден процес што бара сепак нова енергија да се биде во синхронизација со европски развој.

Веројатно за тоа време, ќе се заборават многу работи од прогласувањето за европска интеграција, додека енергиите ќе се фокусираат на теми што го разбудуваат моментумот на гласачкото тело. Веројатно, овие избори ќе бидат многу непредвидливи заради огромната апатија на народот. Претстојните избори ќе бидат тест за Северна Македонија за нејзиниот европски пат.

И покрај сите овие компликации, разочарувања и моментална еуфорија, една работа останува сигурна дека овој предизборен период не смее да ја избегне амбицијата на граѓаните да бидат дел од европските стандарди. Изборите ќе треба да ја потврдат оваа ориентација во сите политички партии. Колку повеќе партиите се концептуално врзани за овој императив, толку поблиску се до надежта на граѓаните за европските практики на управување. Темниот транзициски тунел создаде многу пукнатини, многу слабости, многу депримирања, но во суштина го сочува европската аспирација на сите граѓани.

Секогаш ќе има и други геостратешки понуди, како што е оној на постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, за време на Евроазискиот Економски Форум во Верона, Италија во петок, кој ги покани Северна Македонија и Албанија да се зачленат во оваа економска унија. И покрај последниот грч создаден од извештајот ЕУ-Западен Балкан, сега високи европски претставници веќе посочија дека европските заложби за регионот ќе продолжат, исклучувајќи ја можноста за „специјално партнерство“, бидејќи идејата неодамна кружеше според овдешното мислење.

Во многу изборни циклуси во Северна Македонија, партиите играа со народот како мобилизирана димензија. Фокусирајќи се само на оваа димензија само за време на кампањите, многу материјални теми останаа нетретирани и неартикулирани во перспектива на европските развивања. Дури и во оваа предизборна фаза, се забележуваат вакви трендови од сите партии. Сепак, се чини дека една работа останува сигурна дека на овие избори популизмот веројатно нема да го мобилизира особено апатичниот електорат, кој расте од еден изборен циклус на друг.

Можеби конечно сите политички актери ќе бидат убедени дека и покрај овој геополитички контекст, мора да се направат измени, реформи и инсталирање на оригинален систем на вредности за граѓаните кои веќе во своите очекување ја интегрираа европската визија. Овој момент бара европски политички начин на размислување, не заглавен во скептицизам, туку напротив, го продлабочува концептот на европските вредности и стандарди и покрај турбуленциите кои може да се појават.

 

Të fundit