сабота, мај 18, 2024

ЕДНО БАЛКАНСКО „ВАТЕРЛО“ ВО ЕВРОПСКИТЕ “ДВОРОВИ”

Предвремените избори доаѓаат како резултат на неизбежните концептуални судири во рамките на ЕУ, што резултираа co неотворање на преговори, но и пресилниот оптимизам дека сè е безбедно за почетокот на преговорите. Рационална опција е повторно да се вратиме на изборната волја, но и момент на рефлектирање за да се риафирмираат обврските за интеграција и покрај разочарувањата. Бледнеењето на моментот не смее да ги храни „фаталистичките“ дискурси во процесот на интеграција. Едноставно задачите треба да се извршат. Изборите мора да создадат нова мобилизација, европска политичка синергија која не е „фиксирана“ на датум, туку се фокусира на суштинска промена.

Автор: Бардил Заими

Неоснованата еуфорија и убедувања секогаш произведуваат драматични ситуации. Во политиката и дипломатијата секогаш има веројатности што го прават развојот на настаните во даден контекст непредвидлив. Оние кои веруваат дека ги поседуваат флуидните правности и постојаното менување на големите констелации на крај излегуваат разочарани и шокирани. Само реалистичен оптимизам може да ги смири последиците од комбинаториката на големите дипломатски и концептуални „игри“.

Како што е веќе познато Северна Македонија и Албанија немаат добиено датум за почеток на разговорите. Француското Ветото било клучно за да го претвори целиот почетен оптимизам во едно големо разочарување за двајцата премиери, Зоран Заев и Еди Рама. По кошмар кој траел со часови, францускиот претседател Емануел Макрон не покажал подготвеност за двете земји од Западен Балкан да добијат датум за почеток на преговорите.

После ветото за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија, што Франција го искористи на Самитот на Советот на Европа во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека не секој сосед на ЕУ треба да биде член на Унијата. „Мислам дека не треба единствениот однос што го имаме со соседните земји да биде проширувањето. Тогаш Европа ќе биде единствената светска сила што ќе сметаше дека соседската политика подразбира предлог за членство “, рече Макрон. Во својот интегрален говор по самитот, Макрон го објасни своето вето, но и ја пофали работата направена од двете држави на патот на реформите.

Неземање на  датум за почеток на разговорите било клучно за судбината на премиерот Заев и неговата влада. Заев отсекогаш трдел за  еден сигурен почеток на преговорите за ЕУ, но француското вето беше кобно за неговата позиција како премиер, во време кога сите надежи за продолжување и зајакнување на неговата влада беа насочени кон овој клучен момент за сите граѓани.

И покрај фактот дека сите претставници на европските институции и повеќето земји-членки изјавија дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговорите, ставот на претседателот Макрон остануваше непоколеблив во неговиот концепт за промовирање на нова методологија за преговори што се резултираше како детерминантен за развојот на домашната политичка сцена во Северна Македонија. После француското вето, кое доаѓаше уште од порано како тивко предупредување, премиерот Заев веќе пред себе имаше две опции, иако на прес-конференцијата изјави дека некои опции му се „вртеле“ во главата.

Едната опција беше да го продолжи неговиот мандат, ризикувајќи да произведува турбулентна ситуација, додека опозицијата веќе најави протести, додека другата опција беше да се распишат предвремени избори како можност да му даде простор на посмирен политички процес преку кој уште еднаш ќе се верификуваат патиштата на изборната политичка волја.

И премиерот Заев ја избра втората, најразумна опција, можеби дури и од неговото длабоко лично разочарување, и покрај сите оние ветувања кои веќе се чинеше дека го поставија датумот за почеток на разговорите, но кои се претворија во жалост по француското вето. Реално, овој епилог се чинеше неизбежен, додека премиерот Заев во секое време изрази убедување дека издавањето на датумот е сработен договор.

Среде оваа фрустрација и постојаното спротивставување на опозицијата за предвремени избори, секоја друга опција би значела политичка апатија и влада која веќе го изгубила моралниот легитимитет за уште еднаш да се посвети на веќе одложениот процес на интеграција над сите очекувања. Редовните парламентарни избори се чинеа дека веќе не се опција, затоа што ова во меѓувреме ќе произведеше многу драматични ситуации со многу непознати, додека овој пат ќе биде надминат со оправдан замор

По консултациите со лидерите на партиите и со коалиционите партнери, Заев повика на брзи предвремени избори за граѓаните да можат да утврдат кој пат би го одбрале во овие круцијални моменти. Во меѓувреме, претседателот на земјата, Стево Пендаровски, повика на состанок за да го одреди правецот на политичката ситуацијата по недобивање на датум од страна на Европскиот совет. 

Недела на 20 октомври, само два дена по веста за неотварање на преговорите во меѓувреме  ги собра лидерите на политичките партии во резиденцијата на претседателот Стево Пендаровски за да разговараат за опцијата за предвремени парламентарни избори. После едногласна евалуација дека сите политички партии остануваат посветени на евроатлантските интеграции, во вториот дел од состанокот, лидерите се согласија да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април.

Сега е објавено дека април ќе биде месец на изборите, при што сите партии оценија дека ова е неопходна одлука за да повторно да се даде политички легитимитет на неповратниот пат на ЕУ. Предвремените избори ќе се одржат според формулата Пржино, спроведена дури и во уставот, што подразбира техничка влада 100 дена пред изборите. Пресметката со која се означува датумот на изборите резултира дека на почетокот на јануари премиерот Заев мора да го напушти функцијата на новиот премиер од неговата партија. 

Според Договорот од Пржино, веќе спроведен во уставот, предвидено е 100 дена пред парламентарните избори, кога и да се, да се формира техничка влада, во која ќе учествува и опозицијата. И покрај фактот дека е одреден датум за предвремени избори, политичките партии не доставија детали ако тие дури разговарале за овој процес. Веројатно е дека сè ќе биде поставено во пресрет на новата година, кога се очекува премиерот Заев да се повлече.

Иако предвремените избори беа неизбежни, сега веќе се отвораат други дилеми дали да се продолжи со курсот на потребните реформи, кој повторно ќе бидат оценети во процесот на добивање датум за разговори. Веројатно е дека овие предизборни месеци ќе ги заобиколат очекуваните реформи, особено затоа што секоја партија влегува во треската од можна победа. Веројатно е дека од изборите и конкретната работа за исполнување на обврските што подразбираат приближување кон стандардите што ги бара ЕУ, ќе поминат на други дискурси за изборна мобилизација.

Добрата вест е дека сите партии се согласија за посветеноста на процесот на европска интеграција, но тоа веројатно нема да биде доволно за да покаже конкретни резултати во сите области каде што се очекува да се случат реформите. Високи Европски претставници побараа да се продолжи по патот на реформи, но се чини дека овие повици ќе се изгубат во арената на политичките битки што се очекуваат да се случат во меѓувреме.

Не добивањето датум за разговори поради француското вето, најверојатно, ќе ги намали амбициите и ентузијазмот за промена во екстремната апатија. Концептуалната битка во рамките на ЕУ, меѓу Франција која бара нова методологија и позициите во рамките на унијата и Германија како промотор на отворањето на преговорите, најверојатно, во голема мерка ќе ги поткопа обврските за останување на европскиот пат.

Ова одложување и неизбежната транзиција кон предвремени избори може да предизвикаат удар врз амбицијата да се отворат преговори што е можно поскоро. Огромното мнозинство на државите членки кои го пофалија напредокот на двете земји на патот кон реформите, иако тие знаеја дека останува да се направи многу. Даденото ветување беше поткопано од Франција за новиот пристап кон преговорите. Сè уште не е познато која може да биде најдобрата опција за двете држави во регионот. Вето што означува неуспеси, дилеми, сомнежи и неизвесности на хоризонтот, или едногласна одлука што би значела почеток, вовед во матрицата на европски мотивациони обврски. Еден старт кој веројатно би значел маска што би го транспонирала институционалниот звук на двете држави, исто како што Есхилиј некогаш барал една маска за Грците за да и дадат поинаков лик на нивниот напредок, како што опишува Кадаре во „Покана во Студио“ 

Како и да е, можеби ова вето е добра можност да се разбере дека во големи констелации државите од Западен Балкан остануваат доволно мали за да го наметнат својот можеби разумен оптимизам. Европа останува комплицирана во донесувањето одлуки, додека земјите од регионот немаат ништо друго освен да се стремат постојано да се усогласат со европските стандарди, без оглед на пробалитетот за започнување на преговори. И тоа мора да се случи заради граѓаните и не заради еден датум што секогаш ќе дојде како коректен начин на политиката, владеењето, без разлика кој е на власт, кој ќе се грижи да работи на принципите на добро управување, на принципите што Европа функсионира.

Секоја друга улица е слепа. Секоја друга улица може да понуди моментален триумфализам, може да понуди фасцинантна реторика, но доаѓа момент кога ќе се спротивстави на горчливата реалност на невозможноста. Отворањето на предизборниот хоризонт не смее да ја избегнува оваа суштинска ориентација, бидејќи веќе е јасно дека патот до членството ќе биде тежок и со постојана одговорност.

Të fundit