сабота, јули 27, 2024

ОТВОРЕНИ СПИСОЦИ И ПАРТИЈАТА “МАЈКА”

„Силните“ на партијата, отсекогаш биле доволно близу за да ја искористат власта и да заземаат позиции, наметнувајќи на тој начин политички „просек“ што метастазирал на сите нивоа на политичкото претставување. Ваквата застапеност не е исклучок и за „избраните од народот“ кои точно потекнуваат од оваа логика, оваа „селекција“ што се одвива некаде во ходниците на партиските лактови. Може ли отворените списоци да ја променат оваа логика?

Автор: Бардил Заими

Вечната транзиција во Северна Македонија, со многу малку исклучоци, на сeто тоа време произведе еден вид авторитаризам во рамките на политичките партии, што потоа се рефлектира во сите пори на општеството и институционалниот живот. Овој тивок авторитаризам, честопати обвиен со ткаенина на лажна внатрешна демократија, не дозволи внатре во една политичка партија, во рамките на една идеологија, да се отвори дебата, да се отвори хоризонтот на нови идеи, но и на нови лица.

„Силните“ на партијата отсекогаш биле доволно близу за да ја искористат власта и да заземаат позиции, наметнувајќи на тој начин политички „просек“ што метастазирал на сите нивоа на политичко претставување. Ваквата застапеност не е исклучок и за „избраните од народот“ кои точно доаѓаат од оваа логика, оваа „селекција“ што се одвива некаде во ходниците на партиските лакови. Токму во времето кога партиите веќе се чини дека ги вклучија моторите на предвремени избори, останува да се справи со квалитетот на застапеноста, што со години седи во длабинска партиска дремка, без најмала смисла за квалитативно претставување, во согласност со изборната логика и не во согласност со партиското покорување.

Заедно со анксиозноста на чекање за започнување на преговорите, се чини дека политичките партии постепено ја проектираат можноста за предвремени избори. Опозициските партии во македонскиот и албанскиот блок долго време изјавија дека се залагаат за предвремени избори, додека владините претставници рекоа дека не е време за избори, туку за фокусирање на приоритетите на процесот на интеграција и развој.

Иако Северна Македонија чека клучна одлука, предвремените избори се чини дека се цел што засега не се потенцираат. СДСМ веќе го дизајнираше големиот караван во поголемите градови со образложение дека сака внимателно да ги слушне забелешките на граѓаните, но и идеите што ќе бидат вклучени во претстојната изборна програма. Оваа партија веќе го смени визуелниот идентитет, истовремено промовирајќи го слоганот „На прав пат“.

Дури и ВМРО-ДПМНЕ, која постојано инсистираше на предвремени избори, веќе го промовираше новиот слоган „Обнова на Македонија“, додека нејзиниот лидер Христијан Мицковски го засили својот тим со нови имиња. Тој постојано го повторуваше одржувањето на предвремените избори и формирањето на техничка влада однапред.

 Наспроти оваа позадина на „спонтаните“ подготовки за избори, покрај другите теми директно поврзани со идејата за реформа, како што е случајот со Законот за јавно обвинителство, исто така е покренато прашањето за изборниот модел, за кој веќе се расправа на партиско и аналитичко ниво. Без исклучок, сите партии се дел од оваа дебата, притоа нудејќи свои варијанти за кои сметаат дека се најдобри за изборниот процес.

Владата на СДСМ предложи модел со една исборна единица, додека моделот на ВМРО-ДПМНЕ има модел со 120-изборни единици. Во политичкиот блок на албанските политички партии, ДУИ останува посветена на моделот со шест-изборни единици, “Алијансата за Албанците” на моделот со осум-изборни единици и Движењето “Беса” на моделот со три-изборни единици.

Секако е дел од демократската дебата која на рамка на  промените на изборниот систем да се дебатира за изборниот модел. Сето ова би било во рамките на нормалноста која заедно со ова да се отвори и прашањето за квалитетот на пратениците но и начинот на кој тие се избираат, што исто така е формално во согласност со демократските принципи, во суштина останува водено од партискиот авторитаризам, од селекциите кои доаѓаат за чисто партизански заслуги.

Северна Македонија генерално има традиција на силна селекција со логика на партиска послушност кон пратениците во секоја партија. Обично, во партиските списоци циркулираат имиња кои ја имаат функцијата на пратеник за неколку мандати, додека и новите имиња кои стануваат дел од парламентарниот состав, исто така, остануваат дел од логиката на партиската послушност.

Оваа логика веќе создаде парламент на „заспаните“ пратеници кои не успеваат да излезат од партиската шема за дебати во парламентот, додека оваа дебата останува фокусирана само на партиските агенди без да успее да го сруши нивото на проблеми и интереси на гласачкото тело што тие го претставуваат. Оваа логика ги оневозможи пратениците да ги претстават своите автентични гласови во парламентарната расправа, кои остануваат тесно поврзани со очекувањата на електоратот што го претставуваат. Со хранење на оваа шема за избор на партиските списоци, ние веќе имаме намалување на  квалитетот на избирачите од една изборна единица во друга парламентарна композиција.

Оваа логика на функсионирање ја зачувува политичката плуралност на репрезентацијата, но не дозволува нов плурализам да влегува во тој плурализам, што ќе означи друг квалитет на репрезентација секогаш заснован врз идејата за реалните проблеми со кои се соочува електоратот кој ги гласа.

Партиите имаат право да дебатираат за изборниот модел, но многу е важно да се создаде дебатна околина за друго прашање што се чини дека лесно го избегнуваат. Покрај дебатата за изборниот модел, исто така е императив да се отвори дебата за отворени избирачки списоци, што ќе донесат поинаков квалитет на застапеност надвор од „силната рака“ на изборните шеми на партијата.

Ова прашање мора да се наметне уште повеќе на јавниот простор, како можност и пресврт за да се стави крај на авторитарниот „плурализам“ на политичките партии, кои се чини дека се повеќе се заинтересирани за продолжување на логиката на „послушност“ отколку на „избраните од народот“. Можеби е крајно време партиите да се ослободат од овој „демократски авторитаризам“ што ги става на прво место партиските интереси, а не на гласачкото тело кое бара достоинствено претставување во согласност со нивните очекувања. Отворените списоци ќе донесат нова енергија, квалитетна дебата и, пред сè, вистинско претставување на електоратот во парламентот. Напротив, ние ќе продолжиме да се губиме во имињата што ја претставуваат партијата, но не и интересот на електоратот, ќе продолжиме да имаме пратеници кои нема да излезат во парламентарното лоби за целиот свој  мандат.

Të fundit