петок, јули 26, 2024

Во исчекување на датумот

Да се надеваме дека почетокот на преговорите конечно ќе започне по долгогодишно чекање, но владите на Албанија и Северна Македонија мора да бидат одговорни во два аспекта. Првично, тие мора да бидат сериозни во врска со процесот, затоа што на крајот ЕУ нема да биде толерантна како во претходниот и вториот пат, треба да се управуваат очекувањата на граѓаните и да им се објасни дека овој процес ќе биде предизвикувачки и долг. Ова последното е важно за да се избегне очајот што може да го зголеми веќе големиот прилив на граѓани кои ја напуштаат земјата.

 

Автор: Сефер Селими јр.

 

Како што се приближува датумот 15 октомври односно 17 октомври, денот кога треба да се донесе решението за отворање или не, на преговорите меѓу Европската Унија,  Северна Македонија и Албанија, се повеќе се зголемува вознемиреноста од исходот на состанокот на Европскиот Совет.

Заедничкото писмо на клучните водачи на институциите на ЕУ кои бараат јасно да се утврди датум за двете држави,  покрена надеж за позитивен исход, но сè уште е нејасна позицијата и двоумењето на некои држави да го кажат конечното ДА, која остава простор за загриженост во овие две кандидатски земји.

Во случајот со Северна Македонија, шансите се чинат поверојатни да имаат јасен датум за почеток на преговорите, или инаку позната како прва меѓувладина средба. Најверојатно, ова ќе се случи за време на хрватското претседателство, некаде кон крајот на март или почетокот на април следната година. Во случајот со Албанија, работите се посложени поради внатрешната политичка криза низ која минува земјата и најверојатно, започнувањето на преговорите ќе биде условно, па дури и без јасно дефиниран датум.

Речиси е сигурно дека преговарачкиот процес ќе претрпи измени од сегашната методологија и ќе биде значително поригорозен, вклучувајќи јасни рокови, специфични цели и вкрстени поглавја за динамиката на отворањето и затворањето на нови поглавја. На прво место, да се намали отпорот на некои од државите членки кои не се задоволни од моменталната состојба и второ, од научените лекции од тековниот процес на преговори со Србија и Црна Гора кои не даваат задоволителни резултати особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Внатрешната динамика – Во моментот за Северна Македонија внатрешната динамика е поповолна со оглед на тоа што голем дел од реформите станаа дел од домашното законодавство, додека нивното спроведување продолжува да се соочува со разни предизвици. Најголемата опасност доаѓа од стравот од враќање во националистичката политика и саботажата на договорите постигнати со Грција и Бугарија.

За Албанија, работите се многу покомплексни заради внатрешната политичка криза и 9-те услови што ги наметна германскиот Бундестаг главно се занимаваат со обновата на повисоките судски институции и функционирањето на оние кои произлегуваат од реформите во судството, но и со конкретни резултати од борбата против корупцијата.

Регионалната динамика – Во досегашната пракса, проширувањето на ЕУ е направено во регионален „пакет“ со прифаќање на државите во блок. Токму тука лежи целиот грч помеѓу некои од најважните земји-членки на Унијата. Додека еден дел инсистираат на индивидуални пристапи кон Албанија и Северна Македонија, останатите инсистираат на тоа да се започнат преговори со двете земји во исто време, со цел да се зачува регионалната динамика и стабилност во Западен Балкан. Вториот силно се поддржува од двете соседни држави Бугарија и Грција.

Поглавје за предизвици – Иако следната недела може да донесе позитивни вести за Северна Македонија и / или Албанија, преговорите за членство ќе бидат исклучително тешки и веројатно долги. Во случајот со Северна Македонија, оние што ја отворија вратата за интеграција ќе бидат најсериозните пречки за надминување. Во последното поглавје, поглавје што ги опфаќа сите други аспекти што не се во стандардните поглавја за преговори, ќе се интегрираат точки  од двата договори потпишани со Бугарија и Грција. И двете влади на овие држави, иако силно го поддржуваат започнувањето на преговорите, испратија сериозни закани за Скопје со употреба на вето, доколку Северна Македонија не успее да го исполни.

Да се надеваме дека почетокот на преговорите конечно ќе започне по долгогодишно чекање, но владите на Албанија и Северна Македонија мора да бидат одговорни во два аспекта. Првично, тие мора да бидат сериозни во врска со процесот, затоа што на крајот ЕУ нема да биде толерантна како во претходниот и вториот пат, треба да се управуваат очекувањата на граѓаните и да им се објасни дека овој процес ќе биде предизвикувачки и долг. Ова последното е важно за да се избегне очајот што може да го зголеми веќе големиот прилив на граѓани кои ја напуштаат земјата. /KDP

Të fundit