петок, јули 26, 2024

АЖУРИРАЊЕ НА КОНЦЕПТОТ НА ПАТРИОТИЗМОТ

Слободата која ја донесе демократијата по 90-тите години од многумина беше сфатена како анархија и судир на моралните, етичките, националните и културните вредности, која создаде конфузна, идеолошка мешавина нејасна и до денес.

Aвтор: Сефер Селими Јр.

Бидејќи живееме на Балканот и поделбата по различни основи е наша специјалност, делумно заради целосната нееволуција на човечката природа во целина, што е во вечното барање на припадност на групата, најголемата злоупотреба се одвива токму над овие поделби. Политичарите дојдоа со брзина на светлината за да ја совладаат уметноста да манипулираат со граѓаните, да ја искористат власта користејќи го истиот за понатамошно продлабочување на овие поделби. Така, ние завршивме да живееме во нашите микрокозми, срамежливи, исплашени и често само во удобноста на статус кво, па иако таа ја уништува нашата благосостојба секој ден.

Манипулацијата со национално-патриотското чувство им го отвора патот на политичарите од видовите Милошевиќ и Шешел, кои резултираа со крвави војни и сериозни последици по животите на луѓето. Поглавјето на етничките војни на Балканот се чини дека заврши, но не и флертувањето со национализмот од минатиот век што сè уште е силно присутен во сите земји.

Целосното одвојување од национализмот не е здраво (барем не сеуште), но е крајно опасен ако не се прилагоди со современата реалност и предизвиците со кои се соочува општеството. Ако национализмот е корпус на чувството на лубов кон нацијата, патриотизмот е всушност олицетворение на тие чувства во конкретни дела. Точно, оваа неконсистентност меѓу нив резултира во национализам заснован врз популистички фолклор, а не на конкретни дела корисни за општеството, оставајќи простор за медиократски политики и опортунистички политичари кои не се двоумат да ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните за да ја искористат и задржат моќта. Ако ние како општество не го ажурираме концептот на патриотизам, ние ќе продолжиме да ја оставаме нашата благосостојба и перспектива во рацете на некомпетентните луѓе, кои имаат способност да манипулираат со чувствата на масите додека уживаат во привилегиите на моќ.

Во овој контекст, мислам дека ажурирањето на концептот на патриотизам треба да се заснова на 5 основни принципи:

5. Не можете да заштитите некој што греши само затоа што е „ваш“.

Вагабондите, криминалците, крадците немаат етничка, верска или политичка припадност. Треба да научиме со упорност да го применуваме законот за сите слично, дури и кога сторителот е „наш“. Ако релативизираме, погледнеме помеѓу прсти и се обидуване да оправдаме некого само затоа што тоа е „наш“, ние секогаш ќе бидеме нивни заложници.

4. Одвојување од виктимизација.

– Дискриминација, неправда, фаворизирање биле и секогаш ќе бидат присутни, но тие не можат да се искористат за да се оправдаме за нашата неспособност, недостаток на професионализам или индивидуална непосветеност. Никој не смее да го земе социјалниот статус здраво за готово и да ужива привилегии само затоа што има партиска, етничката припадност или припаѓа на една слична религија. Треба да изградиме општество со здрава конкуренција, каде индивидуалните вредности ќе бидат во нејзиниот центар.

3. Да го сакаш твоето, но да го почитуваш туѓото.

– Главниот дефект на национализмот во минатиот век лежи во глорификацијата на “моето” што значи омраза кон другиот. Овој менталитет се рефлектираше во сите други меѓугрупни односи и затоа, полесно е да се мрази другиот и да се заклучи во школката што одекнува на твоето ‘величие’ отколку да се обидуваш да ги отстраниш дефектите преку аргументиран дијалог. Затоа, патриотизмот треба да го отвори патот за прифаќање на критики и поттикне рефлектирање за да се подобриме прво ние, потоа и другите. Омразата е несовладлив зид на човечката логика и смисла.

2. Да го почитуваш минатото на прагматичен начин – без митови и легенди.

– Легендите, митовите, традициите, обичаите се многу важен дел од колективното сеќавање, пренесувајќи го човечкото искуство и мудрост од генерација на генерација, но ние не смееме да останеме како нивни заложници. Секој настан е производ на околностите и факторите на времето, така што тие мора да бидат анализирани во контекст на стореното време со цел да се извлечат лекции за сегашноста и иднината. Митовите и легендите се засноваат на недостаток на факти, додека политиките мора да бидат продукт на детална анализа на факти, можности и ризици. Патриотскиот политичар не зборува за слава на хероите, туку го почитува нивното жртвување, одговорноста и посветеноста на корисната работа за општеството.

1. Патриотизмот мора да се мери во фер пропорција со конкретните дела за доброто на општеството. – Патриотизмот не е апстрактна материја што се мери со декларативни зборови, туку е конкретно дејствување и секојдневно индивидуално однесување.

Патриотизмот е да се грижиш за чистотата дури и надвор од твојот двор; да го направиш потребното дури и кога никој не те гледа; да бидеш лекар и да не крадеш од пациентот; да бидеш додадена вредност на партијата а не партијата да биде единствената вредност што ја имаш; да го осудиш оној кој му штети на јавниот имот; да ги плаќаш даноците и да бараш сметка каде и како се трошат твоите пари; да го сакаш твојот град / село, но да не бидеш локалист; да бидеш добар учител; да преземеш и да поддржиш иницијативи за доброто на заедницата; да ги поддржиш локалните бизниси; и така натаму.

Патриотизмот е во директна пропорција со конкретните дневни дела со кои и помагаме на нашата заедница.

Të fundit