сабота, мај 18, 2024

….БИДЕЈЌИ ДЕМОКРАТИЈАТА Е СВЕТА!

Медиумите се столбот на демократијата. Ако медиумите се во криза, тогаш и демократијата е во криза. Доколку медиумите не функционираат како што треба, тогаш демократијата не ги дава очекуваните резултати. И токму оваа меѓусебна поврзаност и меѓузависност бара поголема ангажираност на сите актери во општеството во поддршката на професионалните медиуми.

Aвтор: Џелал Незири

Од сите досега испробани системи, демократијата се покажа како најстабилна. Монархијата, каде државата припаѓаше само на кралот и неговото семејство, сега е присутна само во неколку мали, неважни места. Комунизмот, каде сè им припаѓаше на партијата и нејзините водачи, се распадна во раните 90-ти на минатиот век. Различни форми на олигархија, како систем во кој државата се управува од група на богати луѓе, или авторитаризам – каде целата управувачка моќ е концентрирана во нечии раце – се само експерименти на луѓето кои имаат за цел да ја одржат моќта сè додека се живи, без да  обезбедат продолжување или транзиција на власта.

Скандинавските земји, Европската унија, САД, Канада … се производи на демократијата, каде земјата се управува од страна на граѓанинот или народот. Ова право е загарантирано со слободни избори, каде народот ги избира оние што ќе ги претставуваат и ке ги водат до следниот мандат. За да го направат вистинскиот избор, тие мора да имаат соодветни информации за натпреварувачите. Тие треба добро да ги познааваат дали навистина тие имаат волја и капацитет да го исполнат она што го ветуваат, или дали тоа што го ветуваат е вистинската понуда за нив. За разлика од демократијата, сите други системи создадоа милиони егзекутирани луѓе, затворени или интернирани. Кралствата, диктаторските или олигархиските земји ги гледаат луѓето како предмет на експлоатација за зачувување и зајакнување на нивната моќ. Но, чудно, авторитарните лидери од недемократските земји во Азија или Латинска Америка сè уште се гледаат со симпатија од страна на одредени социјални групи. Силното раководство на државата ги прави како модел за политичарите во европскиот континент – таму каде демократијата се роди во античко време.

„Кој ја остави вратата отворена?“, -праша еден панелист на конференцијата организирана од Европската унија (ЕК) овие денови во Подгорица, Црна Гора, со наслов „ЕУ – Денови на Медиумите во Западен Балкан“. Токму медиумите се тие кои ги промовираат и поддржуваат политичарите кои не ги почитуваат демократските вредности. Новинарите се тие кои ги почитувале сопствениците на медиумите за да се ставаат на функција на антидемократска пропаганда. Тоа е државата која не создаде слободен пазар што ќе гарантира здрава конкуренција меѓу актерите, но со директни или индиректни интервенции направила селекција на пазарот на медиуми, давајќи го последниот збор кој медиум ќе постои и кој треба да изгасне.

Тоа е уште еден непобитен факт – нашите општества не се толку пријателски за медиумите или за новинарите. Се чини дека фрустрациите предизвикани од неуспешните политичари, кои гласале за нив, ги шират навредувајќи ги и напаѓајки ги медиумите и новинарите. Во земји со демократски традиции, вината ја има точната адреса затоа што граѓанинот има храброст да постапува или да протестира. Оваа храброст произлегува од демократскиот устав, операционализиран со закони и подзаконски акти кои се фокусираат на слободата и основните права на граѓаните, а не на моќта и привилегиите на владетелот.

Медиумите се столбот на демократијата. Ако медиумите се во криза, тогаш и демократијата е во криза. Доколку медиумите не функционираат како што треба, и демократијата не ги дава очекуваните резултати. И токму оваа меѓусебна поврзаност и меѓузависност бара поголема ангажираност на сите актери во општеството во поддршката на професионалните медиуми. Затоа што демократијата е света!

 

Të fundit