недела, мај 19, 2024

БАЛКАНКАНОТ НА ЗАПАДНАТА КООРДИНАЦИЈА

Назначувањето на Метју Палмер за специјален претставник на Западниот Балкан од страна на САД и многу други моменти на ангажмани на ЕУ, почнувајќи од Пактот за Стабилност до крстената иницијатива како што е Берлинскиот Процес, се тие што ја зајакнуваат постојаната интеграција на регионот според европските стандарди, тие веќе создаваат визија и сеопфатна посветеност над проблематичниот регион, но исто така честопати и предрасуден, како што го дефинира авторката Марија Тодорова во нејзината книга „Имагинарниот Балкан“.

Автор: Бардил Заими

Перцепцијата за Западниот Балкан како метафора на доцнење отсекогаш била утврдена со еден вид кршливост што лежи во границите на „големото“ минато и неизвесната иднина. Целата оваа внатрешна историска перцепција на балканските земји, но и европската перцепција на проблематичниот полуостров, Марија Тодорова го третира со таква професионална компетентност во нејзината книгата „Имагинарниот Балкан“.

Книгата го третира историјата на целиот Балкан, но во исто време и европската продорна перцепција за овој проблематичен полуостров што несомнено останува дел од географијата на стариот континент. Токму затоа, оваа книга, која доби големи одгласи во западниот научен свет, две години подоцна започна една од најуспешните процеси за Југоисточна Европа и за европската иднина на регионот, наречена Пакт за Стабилност.

Книгата на Тодорова се смета како метафора за Балканот, интелектуално и научно рефлектирање што најде превод на повеќе јазици во светот. Покрај тоа, книгата ја нагласи потребата да се разбере овој регион како дел од Европа, проширувајќи една визија и толкување надвор од конфликтните балкански дискурси и надвор од шематските европски сфаќања. Преку парадигматски пристап, книгата обезбедува богатство на информации за балканската историја и истовремено отвора нова парадигматска визија за својата иднина.

Само две години подоцна, се чини дека Европската унија веќе подготви визија за сеопфатна интеграција на балканските земји, позната како Пакт за Стабилност. Можеби случајно оваа средба, оваа европска иницијатива се обидуваше да го куби проблематичниот регион од пежоративната симболика „долу на Балканот“ во друга димензија на развој, која веќе е структурирана во Пактот за Стабилизирање на тектонските движења на регионот што лежат длабоко во историјата

Точно создавањето на овој Пакт го истакнува и истражувачот од Косово, Арбен Хајрулаи, во својата книга „Долготрајниот мир во Западен Балкан преку интеграцијата во ЕУ“. Нестабилноста, пишува овој автор, која трае од пресвртот во 1989 година и воените конфликти во регионот на Западен Балкан, јасно ставаат до знаење дека за успешно приближување на регионот кон европските и евроатлантските структури е неизбежна една унифицирана и конзистентна стратегија, што нема да ги опфати само последиците, туку и причините. „Така со Пактот за Стабилност за Југоисточна Европа за прв пат за целиот балкански регион беше замислен и се однесуваше конкретно, стратешки и со ориентација кон иднината“, пишува Хајрулаи.

Најавата за поинаков пристап кон Западниот Балкан дојде во време на големи турбуленции. Специјалниот совет на министрите за надворешни работи на 8 април 1999 година во ЕУ во Луксембург, гласно го донесе стратешкиот заклучок: „Југоисточна Европа има потреба за Пакт на Стабилност, со што ќе се отвори веројатноста за долгорочен процес на политичка и економска стабилизација. Со ваква стратегија со широка пространост може да се изгради врз постојните регионални иницијативи “.

Ова е почетна конкретна иницијатива која веќе го става регионот во поинаква европска перцепција и отвора понатамошни развојни хоризонти во согласност со очекувањата на земјите од Западен Балкан и во согласност со заложбата на ЕУ да го интегрира во западниот простор. Сите други односи на балканските земји се точно утврдени со Пактот за Стабилност, што всушност значеше различна парадигма за интеграција.

Без оглед на оваа европска политичка и економска платформа, Балканот воопшто не се двоумеше да манифестира нестрпливост и иритирачки дискурси што не беа во синхронизација со ова очекување и овој развоен хоризонт. Во тоа време, милиони евра беа испумпани од ЕУ и САД за да се создаде функционален систем на управување, кој ќе се заснова над транспарентноста и над сето тоа што подразбира добро управување. Циклички се повторуваа дефектите од минатото, додека европските концептуални инфузии не биле секогаш во можност да ги хранат корумпираните влади на Западен Балкан.

Да се ​​даде поконкретен импулс на аспирацијата за интеграција и да се зајакне првичната визија на Пактот за Стабилност во 2014 година, во Германија каде што се одржуваше следниот самит на ЕУ,се иницираше Берлинскиот Процес, што го подразбира процесот на стандардизација, соработка и интеграција на Западниот Балкан во европското семејство. Секоја година, во рамките на овој процес се одржуваат самити, кој ги одредуваат приоритетите и областите на инвестиции на ЕУ во земјите од Западен Балкан.

Со Берлинскиот процес, сега Западниот Балкан не е сам, но има долгорочна, стабилна и стандардизирана поддршка за приближување на балканските земји до унифицираниот европски простор за вредности. Оваа иницијатива сега веќе го кристализира европското патување на земјите од регионот, и покрај различните небулози што може да се појават на патот.

И, несомнено, маглата со проблематични влијанија отсекогаш била присутна на Западниот Балкан. Се повеќе во ниво на европските политики и изговори, се потенцира руското влијание и неодамна влијанието на Кина во регионот. Точно, во линија со ова загриженост и во духот на заложбите за интегриран регион, се повеќе се засилуваат изјавите на европските државни лидери за императивот на структурирање на стратегија и итно присуство ЕУ на балканските земји. Во согласност со германска постојана и стратешка посветеност над Балканот и францускиот претседател Макрон неодамна побарал од француските дипломати да работат за „реинтеграција на Балканот“.

Токму во овие конвергентни фреквенции е и назначувањето на г-дин Мети Палмер како специјален претставник на САД за Западниот Балкан. Американскиот Стејт Департмент објави дека Палмер ќе ги води напорите за зајакнување на дипломатскиот ангажман на САД за поддршка на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот и ќе се фокусира на интегрирање на земјите од Западниот Балкан во западните институции.

Неговото назначување за специјален пратеник за Западниот Балкан го коментираа и истакнати публицисти. „Соединетите држави не можеа да најдат подобра личност од Мети Палмер како специјален пратеник за Западен Балкан“, рече публицистот и новинар, Тим Јуда. Тој посочува дека Палмер со 25 годишно искуство добро го познава регионот и сите клучни фигури.

Се чини дека ЕУ и САД сега веќе манифестираат многу поголема посветеност за решавање на проблемите на Балканот и воспоставување на долгорочна парадигма за мир и развој во регионот во рамките на концептот на западниот развој. Заедно со со претходните моменти за определување и зајакнување на интеграциските аспирации како што е Пактот за Стабилност и крстената иницијатива како Берлински Процес, се чини дека САД и ЕУ веќе воспоставуваат западна политичка постојаност што подразбира неповратен процес на интеграција за земјите од регионот.

Во “имагинарниот“ Балкан со двојна историска и политичка перцепција сега веќе се претвора во Балкан на конкретни намери и стратегии кои и даваат на иднината на регионот поинакво небо подалеку од другите влијанија што дополнително ја разгоруваат историската конфузија и конфликт.

 

 

Të fundit