Претседателот на шаховската федерација на Европа, Зураб Азмаипарашвили денеска го посети ПСУ ” Јахја Кемал ” – Струга.
Азмаипарашвили, заедно со преседателката на шаховската федерација на Македонија госпоѓа Александра Гакидова, оствари средби со претставници на ПСУ ” Јахја Кемал ” – Струга.
Bo ПСУ ” Јахја Кемал ” шахот е задолжителен предмет за учениците од 1 до 3 одделение, и изборен предмет за учениците од 4 до 6 одделение.
Како што информираат од школото, од шаховската федерација на Европа Зураб Азмаипарашвили, беше пријатно изненаден од застапеноста на шахот преку настава во училиштето и одличниот развој на новите велемајстори.