среда, јуни 26, 2024

СРС го прогласува шампионот за регионална соработка за 2023

Советот за регионална соработка (RCC) ќе го претстави добитникот на наградата „Шампион на регионалната соработка др.Ерхард Бусек“, на свеченост што ќе се одржи на 12 јуни 2024 година во Скопје, по годишниот состанок на оваа организација. 

Наградата „Шампион на регионалната соработка др.Ерхард Бусек“ , што Советот за регионална соработка за прв пат ја додели во 2013 година, се доделува секоја година во соработка со Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, на поединец или на организација која има значаен придонес за унапредување на регионалната соработка во Југоисточна Европа. Претходните добитници на наградата се No Borders Orchestra, Exit festival, Sarajevo Film Festival и многу други.

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, и Томас Штолц, претставник на Министерството за европски и меѓународни работи на Австрија, ќе се обратат пред учесниците и ќе го претстават добитникот на наградата.

Ги повикуваме претставниците на медиумите да присуствуваат на свеченоста на која ќе биде доделена наградата „Шампион на регионалната соработка“ што ќе се одржи во Музејот на современа уметност (ул.Самоилова, бр.17) во Скопје, во среда, 12 јуни 2024 година, со почеток во 19:30 часот.

Të fundit