петок, мај 17, 2024

ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ВО РСМ – ЖЕЛБИ ИЛИ ВИСТИНСКИ ПОТРЕБИ

Во анализа на изборите од 2020 се заклучва дека имаме излезеност од 943.750 избирачи со кое изборниот праг за влез во Собранието со 3% би било 28.312 гласа додека со 5% изборен праг би било 47.187 гласа . Од истото може да се заклучи дека изборниот праг од 5 % е преголем за многу партии додека достижен од само 4 политички парти додека прагот од 3% е оптимално достижен и минимален праг потребен во модерните демократии.

Пишува: Енвер Салихи

Изборите се еден демократски механизам со чија помош се избират пратениците во Собранието на РСМ (како еднодомен претставнички орган и носител на законодавната власт), градоначалниците и советите на општините (претставници на локалните самоуправи) и Претседателот на РСМ . Преку овој механизам граѓаните го доверуваат вршењето на политичката власт на нивните избрани претставници, како еден начин на трансферот на суверенитетот од граѓаните врз демократски избраните претставници.

Основните принципи на парламентарние избори се регулираат со Уставот на РСМ, додека начинот, условите и постапката за избор на пратениците се уредени со Изборниот Законик, според кој Собранието на РСМ го сочинуваат 120 до 123 пратеници (3 пратеници се избираат во ИЕ 7-дијаспора). Изборите се одржуваат на секои 4 години (пратениците имаа 4 години мандат) на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

Изборната регулатива во РСМ е предмет на чести измени, кои најчесто произлегуваат од детектираните слабости во изборниот процес, препоаки од изборните органи, од овластените меѓународни организации, како што се Венецијанската Комисија и ОБСЕ-ОДИХР, домашните невладини организации, од експертите и од политичките партии.

Следувајќи ги ефектите на различните изборни системи, Венецијанската комисија во Кодот на добрите практики за изборни прашања заклучува дека не постои идеален систем, но суштинските измените на изборната регулатива е потребно да се изменат најдоцна една година пред одржување на изборите што напротив претставуа една пракса во РСМ да изборните правила се менуваат дури и после распишување на изборите.

Изборни модели во РСМ во периодот 1990 до 2020

Кога сме кај изборните модели во РСМ за парламентарните избори може да се заклучи дека истите се менувале низ временскиот период :

  • Мнозински изборен модел (120 изборни единици за време на изборите во 1990 и 1994 година)
  • Мешовит изборен модел (во 1998 година според кој во 85 изборни единици се избираа 85 пратеници според мнозински изборен модел и една изборна единица на целата теиторија по која се избираа 35 пратеници според пропрционалниот модел)
  • Пропорционалниот изборен модел (од изборите 2002 година до денес, каде се избиаат по 20 пратеници во секоја од шесте изборни единици)

Мнозинскиот изборен модел што се користеше во првите избор ги имаше следните недостатоци :

  • Создаваше регионални центри на моќници на локално ниво без притоа да се води сметка за избор на прфесионални кадри.
  • Доведуваше до диспропорција на изборните резултатисо што постоеше само еден победник, додека вториот губи сѐ.
  • Доведуваше до минимизирање на помалите партии и партиите на малцинствата
  • Беше доведена во прашање еднаквоста на избирачкото право поради постоење на 120 изборни единици со различен број на запишани избирачи (најмалата изборна единица Битола имаше 5826 избирачи додека најголемата изборна единица Кочани имаше 18267 избирачи)

ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ВО ОДНОС НА ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ, ИЗБОРНИОТ ПРАГ И ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ

Измените на Изборниот законик  се неопходни и мора се прилагодаат согласно развојот и потребите и целите што еден систем сака да ги постигнае. Подолу со примери ќе се осврнеме на измените кои се потребни и измените кои се бараат од различните политички актери, а тие се следните:

Намалување на изборните единици од 6 во 3 или 1 изборна единица без изборен праг

Сите норми со кои се регулира изборниот процес упатуват на еднакво гласачко право, кое би се остварило само кога би имале една изборна единица, каде што низ целата територија граѓаните би се изјасниле за своите претставници и на еднаков би бил бројот на гласови потребен за избор на пратеник. На прикажаниот графикон за изборите од 2020 година се заклучува дека еден пратеник се избирало од 5353 до 7448 гласа во зависност од изборната единица, што би било различно доколку би имале една изборна единица и секој пратеник би се избрал со еднаков број на гласови.

Во последно време е се поактуално барањето за измена на изборните единици од 6 во 1 изборна единица без изборен праг со која профитираат помалите политички партии како на пример за Парламентарните избори 2020 година Интегра не освои ниту еден мандат додека со 1 изборна единица би освоила еден пратенички мандат и Левица која освои 2 мандата со една изборна единица би освоила 5 пратенички мандати или 3 мандати со 3 изборни единици наспроти 2 пратеника кои реално ги имаат освоени во 2020 година, додека кај поголемите политички партии се намалува бројот на освоени пратенички места доколку би имало само една изборна единица без изборен праг (во оваа анализа е направено и симулација на освоени мандати со 3 изборни единици како спојување прва со втора, трета со четврта и пета со шеста изборна единица)

За приказ на ефектот на измена на намалување на изборните единици прикажуваме и анализа на Парламантераните избори 2016 година во кои со една изборна единица Трет Блок би освоиле еден пратеник додека со 6 немале освоено ниту еден, Левица би освоила 1 мандат наспроти 0 освоени мандата, Вмро за Македонија би освоила 2 наспроти 0 мандати, ДПА би освоила 3 наспроти 2 освоени мандата, Беса би освоила 6 наместо 5 пратенички мандата, додека кај поголемите политички партии се случува обатен процес на опаѓање за мандатите.

Намалување од 6 во 1 изборна единица со праг од 3% или 5 %

Намалување на изборните единици во 1 изборна единица претставува барање на помалите политички партии кои коа би било една изборна единица би освоиле пратенички мандата, но сепак во модерните држави и изборните практики се прифаќа постоење на изборен праг од 3% до 5% во зависност од цела која сака да се постигне со секој систем ( Според многу тероритичари се смета дека една изборна единица без изборен праг е можност за радикални структури да совојат пратенички мандат и во иднина да ги закочат прогресивние процеси во една држава.

Во анализа на изборите од 2020 се заклучва дека имаме излезеност од 943.750 избирачи со кое изборниот праг за влез во Собранието со 3% би било 28.312 гласа додека со 5% изборен праг би било 47.187 гласа . Од истото може да се заклучи дека изборниот праг од 5 % е преголем за многу партии додека достижен од само 4 политички парти додека прагот од 3% е оптимално достижен и минимален праг потребен во модерните демократии.

Во гафиконот подолу ви го прикажуваме ефектот на 1 ИЕ врз изборните резулати од одржаните Парламентани избори 2020 година доколку би имало праг од 3% или 5%.

Воведување отворени листи

Отворените листи се приоритет што секако треба да се внесе во внатрешна употреба, со што според нашето мислење се постигнува поголема транспарентност и отчетност на избраните кандидати, како клучни фактори за создавање на едно здраво и одлучувачко општество.

Инсистирањето на целокупното општество за внесување на оваа опција за гласање нема алтернатива ( би препорачале 5 гласачки опции со што би се овозможувало еден поширок опус на префернци кај избирачите), затоа што овозможува гласачите да избираат од листата на кандидати споед нивна префернција а не според редоследот направен од страна на партиите.Со оваа опција се воспоставува директната вска гласач-избран претставник , со што им се намалува моќта на партиите, кои се целосно централизирани во еден потесен круг на лица во рамките на еден политички субјект.

Të fundit