петок, мај 17, 2024

ИЗБРАНИ НОВИТЕ МИНИСТРИ, ОСТАНУВААТ УШТЕ ЗАМЕНИЦИТЕ

Собранието вечерва ги избра четирите нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

По дебатата која главно се сведе на партиски препукувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата и две попладневни паузи, за Лога гласаа 65 пратеници, за Меџити 64, за Алиу 65 и за Шукова 65. За ниту еден од министрите немаше глас против, ниту воздржан.
Министрите по гласањето дадоа свечена изјава.

По изборот на овие четворица министри, во рамки на 104. седница треба да поминат и разрешувањата на замениците министри во ресорите: одбрана, земјоделство и образование, како и изборот на нивните наследници.

Сто и четвртата седница за реконструкција на Владата почна на 13 февруари.

Реконструкцијата на Владата уследи откако на владиното мнозинство им се приклучи Алијансата за Албанците, а потоа партијата Алтернатива ја напушти Владата.

Të fundit