петок, мај 17, 2024

ПУТИН ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА РУСКА НАФТА ВО ЗЕМЈИТЕ КОИ ВОВЕДОА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува продажба на руска сурова нафта на странски фирми и државјани кои го прифатија ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари за барел.

Западните земји го воведоа ова ограничување за да ги намалат руските приходи што се користат за финансирање на војната во Украина.

Забраната ќе стапи на сила на 1 февруари и ќе остане во сила до 1 јули.

Уредбата не се однесува само на нафтата, туку и на нафтените деривати. Владата дополнително треба да утврди од кога ќе важи таа забрана.

Указот, објавен на официјалната веб-страница на владата и на Кремљ, е одговор на „дејствијата кои се непријателски и спротивни на меѓународното право од страна на САД и странски држави и меѓународни организации кои им се придружија“.

Групата Г7, Европската унија и Австралија претходно овој месец се согласија да воведат ограничување на цената на руската сурова нафта која се транспортира по морски пат на 60 долари за барел, кое стапи на сила на 5 декември.

Të fundit