недела, мај 19, 2024

Светскиот ученички куп – WSC во ПСУ „ Јахја Кемал“

ПСУ „ Јахја Кемал“ по третпат ќе биде домаќин на Светскиот ученички куп.Натпреварот ќе трае од 14-ти до 16-тин јуни. Светскиот ученички куп (The World Scholar’s Cup, скратено – WSC) е меѓународна тимска програма, која опфаќа ученици од над 65 земји. Целта на натпреварот е да се привлечат сите заинтересирани ученици, што покажуваат интерес за учење вон стандардната наставна програма. Целта на натпреварот е да се овозможи учество на ученици од различни култури во дебатни прашања од нашата современост.

Натпреварот се одвива во забавна и инспиративна атмосфера и е одлична можност, учениците да ги развиваат своите вештини за критичко размислување. Овогодишната тема е – Возобновен свет (A World Renewed).

На натпреварот право на учество имаат ученици од сите училишта. Предвидено е учениците да настапат тимски по тројца во еден тим. Не се исклучува можноста во еден тим да има ученици од различни училишта.
Тимовите ќе се натпреваруваат во четири категории: а) ученички предизвик, б) тимско писмено изразување, в) дебатирање во тимови, г) квиз на знаење.

Покрај четирите главни категории, ќе се спроведат и социјални активности од ненатпреварувачки карактер со цел да се постигне пријателска атмосфера помеѓу учесниците. Тимовите може да се квалификуваат за годишното глобално финале, доколку се освојат доволен број поени на регионалниот натпревар.
Тимовите се комбинираат во јуниорска и сениорска возраст. Учесниците на возраст од 14 години како и повозрасните од 14 години го сочинуваат сениорскиот тим. На регионалниот натпревар во Скопје, јуниорската екипа ќе се натпреварува на 14-ти јуни, а сениорите на 15-ти јуни. Финалето за двете возрасти ќе се одржи на 16-ти јуни.
Пријавувањето трае до последните три дена пред натпреварот, односно до 11-ти јуни. Уплатата може да се изврши електронски на самата страница на WSC Skopje Local Round Registration. На страницата може да се симне образецот за пријавување на учениците. Пријавувањето за учество е овозможено и во просториите на ПСУ„ Јахја Кемал “

ПОДГОТОВКИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА НАТПРЕВАРОТ ЌЕ БИДАТ ВО СОГЛАСНОСТ СО СИТЕ ПРОПИШАНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

За повеќе информации кликнете на веб-страната: https://www.scholarscup.org/

Të fundit