недела, мај 19, 2024

Турција во првиот круг ќе ги вакцинира туристичките рабитници

Програмата за вакцинација ќе биде прецизно спроведена во координација со Министерството за Здравство и Министерството за Труд на Република Турција. Во рамките на програмата, прво ќе бидат вакцинирани вработените во сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи, туристички агенции кои се регистрирани според „Програмата за сертификација на безбеден туризам“.

Пишува: Катерина Топалова

Турција се подготвува за успешна сезона. За да им докаже на туристите дека е безбедна земја, уште во првата фаза ќе ги вакцинира туристичките работници. Како дел од „Програмата за сертификација на безбеден туризам“, која ја започна лани во јуни, има за цел во претстојната туристичка сезона на интернационалните посетители и на вработените во туристичкиот сектор да им обезбеди максимална заштита на здравјето и безбедноста како врвни приоритети.

Програмата за вакцинација ќе биде прецизно спроведена во координација со Министерството за Здравство и Министерството за Труд на Република Турција. Во рамките на програмата, прво ќе бидат вакцинирани вработените во сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи, туристички агенции кои се регистрирани според „Програмата за сертификација на безбеден туризам“.

Во соработка со Министерството за Култура и Туризам и Министерството за Здравство, платформата на која туристичките капацитети можат да ги пријавуваат своите вработени за вакцинација веќе е активирана. Платформата ги опфаќа сите клучни актери на туристичкиот сектор вклучувајќи ги и вработените во сместувачките капацитети, рестораните, возилата за трансфер и туристичките водичи. Официјалните претставници на туристичките актери ќе можат да ги пријавуваат своите сегашни вработени.

Земјата го прошири опсегот на практиката и сертификатот го направи задолжителен за сместувачки капацитети со 30 или повеќе соби. Досега беа сертифицирани повеќе од 8.000 објекти.

Со ова Турција сака да се осигура дека ќе остане здрава и безбедна туристичка дестинација во 2021 година и ќе биде еден од врвните избори како безбедна опција за патување за туристите.

Të fundit