сабота, јули 27, 2024

Кармата на Заев

На парламентарните избори 2016 година најголемата политичка цена на „бомбите“ ја плати ДУИ на Али Ахмети, чии гласови и мандати беа преполовени, додека прислушкувањата објавени од Заев не му штетија толку колку што очекуваше ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од 2016 година, кога Заев беше беше во позиција да ги избира жртвите на неговите „бомби“, сега тој самиот е жртва на прислушување.

 

Автор: Џелал Незири

 

Обидите да се прислушуваат политичките противници, а потоа да се користат истите прислушувања во пресрет на изборите, не се нови и не се случуваат само во Северна Македонија. Од 1972 година, кога во САД избувна скандалот со прислушувањето Ватергејт, употребата на методи на шпионажа за да се добие пристап до материјал за дискредитација на противниците стана моќна алатка во рацете на политичките партии. Во тој скандал беше откриено дека тогашниот претседател од Републиканската партија, Ричард Никсон, го прислушувал изборниот штаб на Демократската партија. Аферата го натера Никсон да си поднесе оставка на функцијата претседател, чин што се сметаше за многу важен во одбраната на демократските вредности. Оваа оставка се чини дека беше добра лекција за политичарите, не само во САД, туку и во другите демократски земји дека употребата на алатки за шпионажа за борба против политичкиот противник не е ниту етичка, ниту морална, а најмалку демократска.

Како и да е, на неодамнешните кампањи за претседателските избори повторно излегоа на површина обидите да му се даде одлучувачки удар на противникот и да седобие мечот уште во првиот круг.

Хакирањето на лозинката на е-пошта на кандидатот за претседател од Демократската партија во 2016 година, Хилари Клинтон, и објавување нејзините приватни писма предизвика силни реакции во американската јавност. Уште повеќе, кога беше откриено дека Клинтон ја користела својата е-пошта и приватниот компјутер за службени комуникации, кои биле оценети како кршење на националната безбедност и безбедноста на американските дипломати ширум светот. Од друга страна, прислушуван материјал што го дискредитира Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, беше објавен на медиумите со цел да се зајакне позицијата на Клинтон во пресрет на тие избори. Во таа аудио снимка беа прикажани сексистички коментари на Трамп за жена со која требало да се сретне. Колку овие бомби влијаеле на слабеењето на противникот или за победата на Трамп, нема точно мерење.

Впечатливата моќ на прислушувањата беше прикажана во земји каде нивното објавување доведе до оставка на владите. Скандалот со поранешниот австриски вицепремиер Хајнц-Кристијан Страхе, лидер на десничарската партија ФПО, доведе до оставка на владата и нови парламентарни избори. Страхе беше снимен во вила во Шпанија додека разговараше со наводни руски бизнисмени за да ги фаворизира на австрискиот пазар.

На Балканот се чини дека методите за шпионажа се сметаат канајефикасен начин за „нокаут“ на политичкиот противник – победа без многу напор или со еден удар. Прислушуваните материјали што не се доставени до Обвинителството и другите надлежни институции, но се објавуваат во медиумите, имаат политичка, а не правна цел. Во случаи кога обвинителството и судството се фатени и не прифаќаат или реагираат на тие материјали, тогаш нивното објавување е до одреден степен легитимно. Аферата „Пронто“ на Косово, прислушувањата со поранешниот албански министер за полиција Саимир Тахири или аферата „Вистината за Македонија“ беа резултат на нереакцијата на институциите, но истовремено беа користени и сеуште се користат за политички цели.

Откако се покажа успешни за поставување подобри изборни резултати, особено во Северна Македонија, таканаречените “бомби” полека станува нормалност во политичките судири, оставајќи ја настрана дебатата околу платформите, идеите и визиите што ги нудат партиите за време на предизборната кампања. Со приближувањето на 15 јули, овие материјали се повеќе се објавуваат на различни Интернет-платформи за да се деградираат, девалвираат, етикетираат и да се поразат политичките противници.

Судирот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во оваа кампања беше насочен кон оваа негативна кампања, односно црната пропаганда, во кој случај многу слушнавме за нивните лидери Зоран Заев и Христијан Мицковски.

Засега е непознато што ќе направи тој по напуштањето на функцијата. Сите анкети покажуваат дека е тешко да се убедат традиционалните следбеници на една политичка партија да гласаат за друг субјект, уште помалку во предизборна кампања и со прислушкувани материјали.  Единствениот ефект што тие можат да го постигнат е да ги одвлечат неопределените од вклучување во политиката или да ги демотивизираат да гласаат на денот на изборите. Ова се чини дека е целта на центрите на политиката што ги објавуваат овие материјали.

На парламентарните избори 2016 година најголемата политичка цена на „бомбите“ ја плати ДУИ на Али Ахмети, чии гласови и мандати беа преполовени, додека прислушкувањата објавени од Заев не му штетија толку колку што очекуваше ВМРО-ДПМНЕ. На овие избори се чини дека најоштетен ќе биде Заев, партијата која ги освои последните два изборни циклуса, но нема толку традиционални и лојални следбеници како партијата на Мицковски. За разлика од 2016 година, кога Заев беше беше во позиција да ги избира жртвите на неговите „бомби“, сега тој самиот е жртва на прислушување.

Të fundit