сабота, ноември 9, 2024

ПОТРЕБАТА ОД СУШТИНСКИ РЕФОРМИ ВО ЛАВИРИНТИТЕ НА ПАРТИСКИОТ ПРИСТАП

Додека траекторијата на образовниот систем во Северна Македонија бележи подеми и падови и безброј затемнувања на политички злоупотреби, експертите од областа на образованието нагласуваат дека реформскиот процес мора да започне од широка дебата меѓу сите актери во оваа област за да се создаде долгорочна стратегија, која би била проекција на сериозна експертиза што ги надминува партиските поделби. Еден широк политички консензус се гледа како една почетна премиса за овој тежок процес со многубројни предизвици. Инвестициите во науката и ревизија на студиските програми исто така се гледаат како поврзани со процесот на долготрајните реформи во образовниот систем.

 

Повеќе од еднаш во Северна Македонија беше нагласена потребата од реформи во образовниот систем, но досега немаше суштинска дебата од каде да се започне. Додека траекторијата на образовниот систем бележи подеми и падови и помрачувања на безброј политички злоупотреби, дефектите се зголемија и не успеаја да се отстранат од сложениот образовен систем преку добро осмислена долгорочна стратегија.

Познавачите на околностите на образовниот систем во Северна Македонија ги нагласуваат политичките злоупотреби и истовремено велат дека реформскиот процес мора да започне од широка дебата меѓу сите актери на ова поле за да се создаде долгорочна стратегија која ќе биде проекција на една сериозна експертиза која ги надминува партиските поделби.

Претседателот на невладината организација ФРП, Гордан Георгиев, вели дека главна премиса за почеток на вистински реформи е да седнат на маса сите засегнати странки, тоа значи академијата, државните, приватните универзитети, каде што има голем дел од вината, ако можеме да кажеме вина.

Според него, политичките елити се плашаат да влезат во таа дискусија, затоа што губат потенцијални гласови од подршка, бидејќи се работи за многу вработени, многу луѓе што веќе влегле во образовниот сектор.

“Биг-бенгот за мене е седнување на маса на сите општествени чинители и долга разговарање и доаѓање до договор. Луѓе, ова е планот за ова се согласивме, вака ќе ја териме реформата. Се согласуваме или не, се согласувам,  толку е, и тоа треба да биде Библијата и Куранот за високото образование или општо за образовнието“, вели Георгиев.

Експертите од областа на образованието се почесто бараат реформите во образованието да бидат сеопфатни и долгорочни и да не зависат од дневните политики.

За ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети, првиот предуслов за суштински реформи е создавање на широк политички консензус, меѓу две или три владејачки гарнитури за период од најмалку 8 до 10 години, за концептот на стратегијата усвоена меѓу опозицијата и позиција да биде стабилна без разлика на ротации и политички влијанија.

“Значи, Министерството за образование и наука не треба да биде засегнато, ако треба да се реформира образованието во целосна смисла на зборот. Образованието не е дневна политика, бидејќи е нешто премногу свето за да се политизира врз дневна база“, вели Беџети.

За Беџети образовниот систем и реформите се премногу сложени за да се направат забрзано. „Таму се бара жртвување, мора да се научи систем кој јас го нарекувам „учителство“, имајте во предвид дека учителот е систем сам по себе, да го едуцирате за да го подготвите за наставник. Многу е тешко да се произведе учител како што треба“, вели тој.

Клучот е повторно во политиката, вели академик Беџети. „Не затоа што ја преценувам политиката, туку затоа што не постои друг инструмент со кој работите можат да се променат. Граѓанските активисти, владините организации и медиумите можат да го помогнат процесот, но ако нема готовност и политичка волја за подобрување е залуден секој обид што може да дојде“, вели тој.

Поранешниот министер на МОН, Азиз Положани нагласува дека образованието е јавна работа и не е само владина работа, а уште помалку само министерство. Според него, образованието допира различни сфери на општеството, почнувајќи нормално од политиката, која презема одговорност за буџетот и за креирање политики.

Положани нагласува дека реформата е многу сложен процес кој мора да се води внимателно и праведно, со зачувување на вредностите на образованието, зачувување на авторитетот на образованието и пред се на просветните работници во општеството.

„Мора да се создаде долгорочна стратегија, која ќе биде рамка за напредок и развој на образованието од оценувањето каде сме и зошто сме тука, оценувајќи зошто треба да се промени и јасно покажувајќи каде се посакува да се стигне. Тоа се прави преку долгорочен план или стратегија која ја проценува ситуацијата и со секој сегмент јасно покажува до каде сака да стигне“, вели Положани.

Положани вели дека реформите пропаѓаат затоа што од 2015 година во Северна Македонија има само една програма за развој на образованието на сите нивоа, од предучилишна до универзитетска и го опфаќа периодот 2005-2015 година.

Овој е единствениот документ што помина во парламентот со поддршка од сите политички партии.

„Апсолутно е неопходно да се создаде група на компетентни и искусни луѓе во областа на образованието кои ќе изготват стратегија, која ќе оди во парламентот и ќе добие забелешки од опозицијата. Затоа што кога се прави стратегија, тоа не се прави четири-три години, барем два мандата, по можност три, за да може и кога ќе се смени владата некако да направи промени како да се постигне истата цел што ја предвидува стратегијата“, вели Положани.

И Положани е за транспарентен стратешки документ што значи вклучување на повеќе фактори, што јасно ќе покаже што треба да се направи и во која насока треба да се движи.

Исто така, тој нагласува дека средствата за образованието треба да се даваат мудро со рационализирање на образованието на сите нивоа од аспект на квалитет. Тој го нагласува финансирањето во науката. “Науката е она што го прави човекот поспособен, покомпетентен за да го пренесе знаењето и во полето на технологијата и на економијата“, нагласува Положани.

Ректорот на Тетовскиот универзитет Јусуф Зенели вели дека во реформите треба да се вклучат и студиските програми. „Кога некој универзитет, факултет ќе побара акредитација на програми, таму мора да се видат условите или критериумите, но и креативноста, визијата до каде сакаат да стигнат, во која област тие студенти ќе се вработат, тие кадри што ќе дипломираат“, вели тој.

Според него, примарно останува студиските програми да бидат што посеопфатни, што е можно пореални со сферата што имаат за цел да ги подготват кадрите. „Друг аспект е соработката со други универзитети, особено во меѓународната сфера“, вели Зенели. Овие соработки ги гледа во насока на стекнување на најдобри искуства во областа на организацијата, инфраструктурата, научно-истражувачката, издавачката дејност и секако студиските програми.

Сеопфатноста и креирањето на долгорочна стратегија остануваат една од главните премиси за вистински почеток на реформите во образовниот систем. Веќе е нагласено од експертите дека е потребна голема истрајност и особено политичка волја за да се осмислат реформи кои излегуваат надвор од дневните политики и надвор од партиската логика. Министерството за образование и наука, навистина треба да обезбеди платформа за вклучување на што повеќе актери во процесот на реформи.

 

Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.  

Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

 

 

 

Të fundit