петок, март 29, 2024

Можност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот

ПСУ “Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.

Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната   https://www.ykc.edu.mk/scholarship , рокот за пријавување е до 08.04.2023 година.

На тестирањето за стипендија:

  • Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.
  • Тестирањето за стипендија ќе се полага на Македонски, Албански, Турски и Англиски јазик.
  • За тестирањето не е задолжително познавање на Англискиот и Турскиот јазик.
  • Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината ( секое училиште посебно Скопје, Тетово-Боговиње и Струга имаат по два стипендиски региони), според долунаведеното,.

 

  1. место 100%,             4. место 70%,        10-13 место 40%,
  2. 2. место 90%,           5-6 место 60%,       14-19 место 30%,
  3. место 80%,               7-9 место 50%,       20-25 место 20%.

 

Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 09.04.2023 во недела во 11.00 часот.

За ПСУ “Јахја Кемал”-Скопје  ќе се полага во самото училиште и во ООУ“ 11 Октомври“-Куманово, ООУ “Ванчо Прке“-Штип, ООУ “Блаже Коневски“-Велес и ООУ “Видео Подгорец“-Струмица.

За ПСУ “Јахја Кемал”-Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ “Исмаил Ќемали“- Гостивар.

За ПСУ “Јахја Кемал”-Струга  ќе се полага во самото училиште и во ООУ “Кочо Рацин“-Прилеп, ООУ “Св. Климент Охридски“-Битола, ООУ “Санде Штерјоски“-Кичево и ООУ “Пенестија“-Дебар.

Të fundit