четврток, март 28, 2024

Законот за употреба на јазиците не се спроведува доволно, инспекторите сега добиваат лиценци и излегуваат на терен

Автор: Фисник Џелили

 

Нецелосното спроведување на Законот за употреба на јазиците во пракса продолжува да претставува проблем за граѓаните Албанци во Северна Македонија, посебно за оние кои не го разбираат македонскиот јазик. Иако поминале две години од стапувањето во сила на овој закон, кој според член 23 ги обврзува сите институции да ги усвојат подзаконските акти на истиот, во пракса има многу пропусти, како во централните, така и во локалните институции. Законот не се спроведува правилно во службените документи, како и на официјалната веб-страница на Владата.

Агенција за вработување (само на македонски јазик)

Недостатоците на примената на овој закон се забележуваат во различни форми, почнувајќи од наједноставните информации до комуникацијата со повисоките институции. Овој недостаток се забележува и на веб-страниците на институциите.

Формулар во Министерство за економија (само на македонски јазик)

Со последиците од неспроведувањето на овој закон граѓаните се соочуваат почнувајќи и од наједноставна уплата преку пошта или банка, каде објавите, обрасците, уплатниците и информациите се само на македонски јазик.

Министерство за внатрешни работи (само на македонски јазик)

Министерство за информатичко општество (само на македонски јазик)

– Министерство за култура (само на македонски јазик)

Исто така, и во однос на здравјето, кое е една од најважните области за секојдневниот живот на граѓанинот, најголемиот дел од документите и информациите се на македонски јазик.

Упат од лекар (само на македонски јазик)

Сертификат за вакцинација (само на македонски јазик)

Има некои институции кои имаат служби и документи на двата јазика, албански и македонски, но и после толку време откако законот стапил во сила, не е направено доволно во неговата примена од сите органи. Законот не го даде очекуваниот ефект.

Министерство за надворешни работи (само на македонски јазик)

Владата на РСМ (не) го почитува доволно Законот за употреба на јазиците

Законот недоволно се почитува во Извршната власт, односно на веб-страницата на Владата граѓаните Албанци немаат ист пристап до информациите како граѓаните Македонци, бидејќи информациите на албански јазик се нејасни и нецелосни, а на македонски јазик е обратно. Дури и многу податоци на албански јазик воопшто не постојат. Во верзијата на албански јазик има помалку категории на информации, како конкретен пример може да се земат јавните огласи кои се само на македонски јазик.

Министерство за правда (само на македонски јазик)

Од Владата на РСМ го тврдат спротивното, според нив Законот за употреба на јазиците во потполност се почитува од нивна страна.

„При организирање настани и прес-конференции во Владата или под покровителство на Владата, се обезбедува превод на албански јазик. Понатаму, сите соопштенија од владините седници се преведени и можат да се видат на веб-страницата на Владата. Доколку има поопширен материјал, како закони, предлог закони, потребно е повеќе време за превод и кога ќе се заврши, истиот е достапен и на соодветниот јазик“, велат од Владата.

За новинарот Ардит Рамадани законот недоволно се спроведува во пракса од институциите. Според него, албанските новинари во РСМ треба да примаат дополнителна плата за работата што ја вршат како преведувачи бидејќи често преведуваат долги документи, изјави кои ги има само на македонски јазик.

„Освен ова, и во писмените изјави што ги бараме од државните институции во Северна Македонија, и покрај обврската да ни одговорат и на албански јазик доколку бараме, тоа не се случува, честопати портпаролите се од македонска етничка припадност и одговорите ни ги испраќаат само на македонски јазик, и покрај фактот што во јавните изјави стои дека законот за албански јазик е донесен и се почитува и така натаму, во пракса може да се каже дека сме на нула“, рече Ардит Рамадани, новинар.

Исто мислење има и универзитетскиот професор и политички аналитичар Сефер Тахири. Според неговата општа проценка на спроведувањето на овој закон, албанскиот јазик наидува на необјаснив отпор од неколку раководители на институции, кои, иако се обврзани да го применуваат законот, сепак го прават спротивното.

„Ова е како последица на фактот што кај нас применувањето на законите, без разлика од политичката волја на раководителите на институциите, не е развиена пракса, и од друга страна е прашањето на примената на албанскиот јазика како јазик во службена употреба, што се чини на некои раководители на владините институции, и други тела, им предизвикува некој вид необјаснива загриженост бидејќи очигледно некои креатори на политики и оние што ги водат институциите продолжуваат да мислат дека само македонскиот треба да биде службен јазик“, рече Сефер Тахири, универзитетски професор и политички аналитичар.

Агенција за примена на јазикот: Има пропусти но има и прогрес

Во извештајот за 2020 година на Агенцијата за примена на јазикот се истакнува недостатокот на интерес на централните и локалните институции за спроведувањето на Законот употреба на јазиците.

Во 2020 година, Агенцијата доставила 428 анкетни прашалници до централните и локалните институции, додека одговориле само 119 институции.

Од овие 119 одговори на институциите резултатите се следни:

  • 70 институции ги исполниле обврските од член 23 од Законот, додека 40 институции делумно.
  • 28 институции предвиделе организациска форма за превод и лектура на и од албански јазик, додека 88 други институции не предвиделе организациска форма.
  • 75 институции немаат ниту еден преведувач и лектор додека 28 институции имаат само 1 преведувач и лектор
  • 63 институции не предвиделе финансиски средства за преведувачи и лектори за 2021 година
  • 79 институции на анкетата одговориле само на македонски јазик, 36 на двата јазика и 4 институции одговориле само на албански јазик.

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села рече дека инспекторатот врши надзор над спроведувањето на овој закон на терен, притоа нагласувајќи дека соработуваат и со владата и со инспекторатот за се што им е потребно.

Има институции кои бараат поддршка од агенцијата и овој број се зголемува од ден на ден, и ние има ја даваме оваа поддршка и нормално дека апелираме до сите институции кои имаат потреба од нашата поддршка, ние ви стоиме на располагање“, изјави Илбер Села, директор на Агенцијата за имплементација на јазикот, кој додаде дека институциите кои бараат поддршка од Агенцијата најчесто се централните.

 

Инспекторатот за употреба на јазиците бил неефективен

 

Во случај на неспроведување на овој закон се предвидени материјални глоби како за институциите, така и за физичките лица. Согласно член 22 од овој Закон, глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе им се изрече на телата од член 1 став (3), член 2 став (3), како и на сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. Додека пак, глоба во износ од 30% од утврдената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице во телата од ставот 1 на овој член.

За професорот Сефер Тахири, прашањето на спроведувањето на овој закон, без оглед на политичката волја, е и практична.

 „Кога имаме закон, тука имаме права и секако имаме и обврски, така да неспроведувањето на овие обврски подразбира санкции. Имаме таква институција како што е Инспекторатот за употреба на јазиците, кој де факто не си ја врши својата работата и е основан како таков, но не е екипиран, не е целосно систематизиран во правниот систем на државата и како резултат на тоа од ова имаме големо неприменување на албанскиот јазик на централно ниво“, изјави Сефер Тахири, универзитетски професор и политички аналитичар.

Инспекторатот за употреба на јазиците, како тело во состав на Министерството за правда, има овластување да го надгледува целосното и точно спроведување на одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Фатмир Исени рече дека институциите треба да знаат дека од моментот кога законот стапува во сила, мора да го почитуваат.

„Во однос на надлежностите на инспекторатот, инспекторите сега се лиценцираа и ќе излезат на терен за да вршат инспекциски надзор, бидејќи за добивање лиценци согласно законот за инспекциски надзор член 42 и 43, секој инспектор посетува тримесечни и девет-месечни обуки. Три месеци трае општиот дел, додека девет месеци делот со ментор кои излегуваат на терен со менторот и се подготвуваат за инспекциски надзор.  Сите институции кои не го почитуваат законот за употреба на јазиците ќе имаат опомени на почетокот, потоа нормално ќе се продолжи со другите процедури. Законот првично предвидува опомена, а во рок од неколку дена со закон е предвидено дали прекршувањата на законот ќе се превидат, и потоа со другите процедури“, рече Фатмир Исени,  директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Институциите не се казнети за неспроведување на Законот за употреба на јазиците досега, бидејќи како што рече Исени, инспекцискиот надзор требало да го вршат лиценцирани инспектори.

Законот за употреба на јазиците беше изгласан на 11 јануари 2018 година во Собранието на Северна Македонија. Со овој закон се унапредува службената употреба на албанскиот јазик во сите тела на централната власт. Додека пак, во единиците на локалната самоуправа, за употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.

 

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Të fundit