Иновативна обука за социјалната репортажа беше спроведена во рамките на проектот „Медиумски инкубатор“. Овој проект го спроведува Гете–институтот во Скопје, во соработка со Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС). Четири дена по ред, преку четири модули развиени на платформата ЗООМ, младите новинари имаа можност да бидат обучени за социјалната репортажа од познати новинарски имиња во Северна Македонија.
Четири дена по ред, Гете-институтот во Скопје и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) спроведоа програма за обука на млади новинари во Северна Македонија за социјалната репортажа во рамките на проектот “Медиумски нкубатор“. Главната цел на овој проект е зајакнување на актерите од граѓанското општество и борба против предрасудите кон малцинствата, етнички или социјални. Проектот, исто така, има за цел да придонесе за реконструкција и претставување на социјалните проблеми и нивниот третман преку комбинирање на текст и фотографија, обидувајќи се понатаму да ги развие и да ги донесе во јавна дискусија.
Иновативна програма за обука е развиена во четири модули, додека за социјалната репортажа, но и други димензии на новинарството предаваа познати имиња на новинарството во Северина Македонија, Марина Тунева, Сефер Тахири, Маја Јовановска и Драган Секуловски.
Во меѓувреме, младите новинари и студенти учесници ќе добијат стипендија од 350 евра бруто. По завршувањето на програмата, БИРС ќе обезбеди едномесечна програма за стажирање во независен медиум во Северна Македонија. Ова ќе биде шанса учесниците да бидат вработени и во тие медиуми. /КДП