Стара-новата влада мора многу внимателно да ја калибрира владината програма и надвор од еуфоријата на изборната кампања да биде реална со ветувањата, барем сега кога ја доби власта. Светот го чека тешка година за да и стави крај на пандемијата и потоа да ги излечи раните. Со тоа, Северна Македонија влегува во тежок економски и општествен период, така што горенаведените процеси можат да земат уште поголеми размери ако немаат соодветен третман преку сериозен и реален пристап од страна на владата
Автор: Сефер Селими Jr.
Како што се очекуваше, двајцата жестоки „противници“ на предизборната кампања под диктат на бројки постигнаа договор за владеење. И двајцата ги прекршија „достоинствено“ своите главни ветувања – СДСМ дека ќе го остават ДУИ во опозиција „за доброто на државата и самата ДУИ да се реформира”, додека ДУИ го размени “прв албански премиер “за поголема моќ во извршната власт и се задоволи со симболиката во последните 100 дена да има премиер предложен од нив на чело на владата, кој веројатно ќе биде Албанец.
Во демократија компромисот го диктираат бројките и до овде сè е во ред, но главниот проблем на политичките партии во Северна Македонија се ветувањата кои одат подалеку од можната реалност, не калкулирани, површински, но што звучат добро за граѓаните. Ваквите ветувања може да донесат дополнителни гласови, но на долг рок тоа е карцином за демократијата и довербата на граѓаните во овој систем. Неправилното работење на очекувањата на граѓаните создава очај што ја задушува надежта за подобра иднина, а безнадежноста е катализатор што води меѓу другото уште една серија на општествени реакции:
Одлевање на мозокот од земјава – Македонија и балканските земји отсекогаш имаа проблем со иселувањето на населението во европските земји во потрага по среќа. Ова основно човеково право, среќа, е социјален производ кој доаѓа преку добро управување со квалитетни јавни услуги. Ако во минатото емигрантското население беше претежно неквалификувана, на работ на сиромаштија и без перспектива кај нас, денес главно млади професионалци ја напуштаат земјата која е уморна од државата која дури и по 30 години транзиција се соочува со истите проблеми: екстремно политизација на општеството и партиска милитантност како валута на успехот, корупцијата, јавните услуги со слаб квалитет како што се образованието, здравството, јавната безбедност, инфраструктурата и скоро секаде на друго место. Стави тука тврдоглавиот отпор на политичката класа што не се развива, но истите лица веќе 30 години ги држат партиите како заложници, следствено на тоа, моќта – за млада личност која го познава својот професионален потенцијал, единствениот начин да се најде среќа е да најмалку 1000 км оддалечено од ова место.
Партии, радикални и екстремистички движења – кога владејачкиот систем долго време не успее да го донесе резултатот што се очекува од граѓаните, толку повеќе произведува благососојба само за еден дел од населението, го отвора патот за идеи, движења, радикални и екстремистички партии. Овие движења не се нужно лоши и опасни, но во повеќето случаи, особено на Балканот, тие создадоа катастрофи кои се платени со човечки животи на невини луѓе. Војните што следеа по распадот на Југославија во суштина имаа радикални и екстремистички идеи на Милошевиќ и Шешеj, додека голем број странски терористички борци кои се приклучија на Исламичката држава беа водени од радикални и екстремистички идеологии на токлување на исламот, кои во најголем дел беа исто противтежа на неуспешните балкански демократии. Денес, таква партија иамемо и во македонскиот парламент, Левица, која е целосен производ на гласањето за револт и очај кон сегашните партии.
Старо-новата влада мора многу внимателно да ја калибрира владината програма и надвор од еуфоријата на изборната кампања да биде реална со ветувањата, барем сега кога ја доби власта. Светот го чека тешка година за да и стави крај на пандемијата и потоа да ги излечи раните. Со тоа, Северна Македонија влегува во тежок економски и општествен период, така што горенаведените процеси можат да земат уште поголеми размери ако немаат соодветен третман преку сериозен и реален пристап од страна на владата, а тоа не може да дојде само преку деклеративната волја.