четврток, ноември 30, 2023

Хоризонтот на можните предизборни конвергенции

Генерално, на овие избори, во албанскиот политички блок имаме ре конфигурација на политичкиот хоризонт кој го движи полот на политичките ангажмани на етничките прашања, односно, за унапредување на правата на Албанците во државната целина на Северна Македонија. Без сомнение ривалството во албанскиот политички простор, ќе биде помеѓу ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, во меѓувреме помеѓу ДУИ и ДПА исто така се појавува „традиционалното“ ривалство. Едно политичко ривалство не и толку тивко се појавува и помеѓу албанските политички парии со СДСМ, која е во предизборна коалиција со Движење Беса.

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе се одржат во една вонредна ситуација со присуство на корона вирусот.

Реално, речиси четири месечниот период е доминиран од анксиозноста на пандемијата, во меѓувреме изборниот процес беше прекинат поради прогласување на вонредната состојба од претседателот на државата, Стево Пендаровски, во согласност со лидерите на политичките партии. Наспроти обидите да се менаџира со ситуацијата, со минување на времето, техничката влада, не успеа да биде на потребното ниво поради внатрешно партиските препукувања, кои рефлектираа пропусти и неспособност да се држи ситуацијата под контрола со корона вирусот. Страничните политички пресметки на партиите дозволија не почитување на мерките и заедно со ова и алармантно ширење на заразата.

Цела оваа „вбризгана“ ситуација со не одржливо менаџирање со пандемијата, како што и се очекуваше, ја вадеше на виделина идејата на една политичка влада, што фактички подразбираше брзи избори. После политичкото тактизирање, конечно 15 јули беше одреден како датум за одржување на предвремените парламентарни избори, кои се веруваше дека ќе бидат доминирани со темата на менаџирање или лошото менаџирање со пандемијата. Во хоризонтот на политичката трка, темата на пандемијата постепено го отстапуваше местото на политичките теми, кои сега веќе доаѓаа како нишка за политички судир во еден сосема различен контекст кој се надоврзуваше и со позиционирање долж три годишната траекторија на владеење, политичкото нетрпение, но и на политичките изборни стратегии, кои ќе се појават различно од последните парламентарни избори од 2016 година.

Времето на принудна и неопходна координација за да се направи одлучувачки пресврт кон евроатлантската ориентација, се чини дека сега веќе избледува во политичко ре позиционирање дури и во самите коалициски партнери, но и кај другите политички субјекти, кои сега веќе бараа друг политички идентитет во сосема друга конфигурација, кога Северна Македонија веќе беше зачленета во НАТО и има добиено датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ.

Сенката на режимот на Груевски која создаде моментум на постава и императив да се направат потребните промени на патот кон интеграциите веќе избледува во спротивност кон политичкиот концепт на поранешниот премиер Заев „едно општество за сите“. Се чинеше дека албанските политички субјекти веќе беа во потрага на нов политички идентитет во сосема нов контекст. Како што е познато, партијата на премиерот Заев, на последните парламентарни избори доби значителен број гласови кај албанскиот електорат, додека оваа партија и на овие избори преку предизборната коалиција со Движење Беса повторно цели да „собере“ гласови од албанскиот електорат, што реално, според многу анкети, ја намалува предноста која се верува дека ја има ВМРО-ДПМНЕ кај електоратот во македонскиот политички блок.

Во контекст на политичката нетрпеливост на владеење и во контекст на создавањето на нова реалност по пристапувањето на Северна Македонија во НАТО и започнување на разговорите, може да се види и идејата за „првиот премиер Албанец“ промовирана од ДУИ. Евентуалното „излевање“ на гласовите на албанскиот електорат во СДСМ, веројатно произведе и нов политички пристап по етнички на политичките субјекти кај албанскиот политички блок.

Демократијата останува простор на политичките идеи и изборните стратегии и секоја политичка идеја треба да се види токму во овој контекст на ривалство на изборни стратегии што подразбира повеќе гласови за одреден субјект. Идејата за премиер Албанец секако треба да се види и во контекст на изборна стратегија, но и на политички ривален курс на изборите на 15 Јули. Демократијата останува простор на дебата, на политичките спротивставувања, на политичката легитимност и нелегитимност. Исто како што владејачката албанска партија ДУИ има за право да промовира конкурентни политички идеи, исто така и албанската опозиција има право да се спротивстави на идејата со аргументи истовремено да ја открие својата политичка идеја за изборите на 15 јули.

Се разбира, слично на ДУИ, на просторот на демократска конкуренција и опозицијата во албанскиот политички блок излезе со ривалски политички идеи. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива веќе излезе со идејата „држава за сите“, што подразбира суштинско унапредување на позицијата на Албанците во државата, додека Демократската Партија на Албанците со идејата за вицепремиер Албанец со право на вето и со идејата за пропорционална поделба на државниот буџет.

Севкупно, на овие избори во албанскиот политички блок имаме реконфигурација на политичкиот хоризонт кој го движи полот на политичките ангажмани во етничките прашања, односно, во унапредување на правата на Албанците во државната целина на Северна Македонија. Несомнено ривалството во албанскиот политички простор, ќе биде помеѓу ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека „традиционалното“ ривалство се појавува и меѓу ДУИ и ДПА. Политичко ривалство и не толку тивко се појавува и меѓу албанските политички партии со СДСМ, која има предизборна коалиција со Движење Беса. Политичкиот концепт на СДСМ „едно општество за сите“ кое е поразвиено на граѓанско ниво, се чини дека веќе на овие избори е нападнат од политички идеи кои се движат кон повеќе етнички пол, било со идејата за премиер Албанец, било со идејата „држава за сите“, или со идејата вицепремиер Албанец со право на вето.

Се разбира, предизборните политички битки ќе се одвиваат на овие две нивоа, во рамки на албанската политика и една друга битка која има за цел да го спречи СДСМ да влезе во албанскиот електорат со идејата „општество за сите“. Политичките идеи, политичките платформи на овие избори на албанските политички партии, меѓу другите теми, остануваат концентрирани како политичка суштина во спротивност со концептот на СДСМ и што навистина рефлектираат во други димензии на перцепција на државата, како еднаква држава за сите, подразбирајќи тука и други унапредувања на позицијата на Албанците во државната целост на Северна Македонија.

Можеби во пресрет на кампањата ова може да изгледа „парадоксално“, но во суштина во албанскиот политички блок постои конвергентна на ориентација во перцепцијата на државата што означува квалитативен политички и демократски скок. Конкурентните политички визии во албанскиот политички блок се чини дека веќе не се засенети од политичкиот концепт промовиран од СДСМ „едно општество за сите“, туку одат подалеку нудејќи квалитативна политичка и демократска суштина во перцепцијата и структурирањето на државата. Во политичките програми на албанските партии веќе се артикулира друга политичка визија која е ривалска, но и која го предизвикува концептот на државата, носењето на одлуките и на политичката застапеност.

Барем досега, битката во албанскиот политички камп е во рамките на нормалност, на конкурирање со политички идеи и аргументирани и толерантни спротивставувања. Албанците веројатно влегуваат во една позрела политичка фаза, додека суштината на политичките платформи бележи сосема различен квалитет од она што можеше да се види во минатото.

Се разбира, изборната кампања значи ривалство помеѓу изборните стратегии, дебата за легитимност и делегитимност. Самата суштина на демократијата подразбира постојана политичка дебата. Ниту една идеја не може да се демонизира и секако секое спротивставување останува легитимно и во функција на една друга политичка визија која претендира претставување на едно мнозинство. Како и да е, вистинската „игра“ најверојатно ќе започне по 15 јули во зависност од изборниот резултат. Во никој случај не може да се предрасуди изборниот резултат. И покрај предизборните ривалства, пост-изборната ситуација може да наметне конвергенција на политичките субјекти во албанскиот камп. Секако, сè ќе зависи од изборните резултати, но политичката конвергенција која суштината на платформите што партиите ги откриваат ја носи минимално може да отвори еден друг хоризонт, што за сега изгледа неостварлив.

Të fundit