Лице заразен со корона, во овој случај не може да има друг идентитет освен заразено лице, значи тој е еден од граѓаните на државата кој е погодени од вирусот. Секој друг обид да се обои присуството на вирусот и лицата што се заразени со дози на етнички и религиски поделби е неприфатливо, и лошо размислување во пандемиска ситуација кога сите сме во опасност.
Пишува: Бардул Заими
Северна Македонија веќе бележи рекорден број на заразени со вирусот корона. И ова не е ситуација која не се очекуваше, затоа што во моментот кога требаше да се справува со сета сериозност и со максимално да се управува со состојбата со пандемија, политичкиот апсурд реши да се грижи за изборните таргети, рејтинг и другите мистериозни работи што само тие ги знаат.
И, каде политичкото лицемерие стапува, последиците се рефлектираат во форма на судири подолу, во секојдневниот живот на луѓето, каде овие фатални флертувања на политиката се во форма на неосновани обвинувања. За ова време не изостана етничката вина за ширење на вирусот, што во суштина повторно има политички мотиви, но и оправдување на владата која не успеа да управува со пандемијата. Апсурдни и парадоксални се обвинувањата што ги делат граѓаните на “ние“ и “тие“.
Но, токму овие политички игри сакат да ги поделат луѓето дури и во време на фатално присуство на коронавирусот и да ги претстават како можен „непријател“ за потоа да се изградат измамнички причини и наративи на јавниот простор. Лице заразен со корона, во овој случај не може да има друг идентитет освен заразено лице, значи тој е еден од граѓаните на државата кој е погодени од вирусот. Секој друг обид да се обои присуството на вирусот и лицата што се заразени со дози на етнички и религиски поделби е неприфатливо, и лошо размислување во пандемиска ситуација кога сите сме во опасност.
Колку и да изгледаат недофатливо , „отровите“ на оваа стигматизација се кријат некаде зад сцената на политичките игри, кои како невидливи сенки кружат меѓу луѓето и во јавниот простор. И секогаш ќе има протагонисти кои лесно ќе ја носат облеката на овој јазик на предрасуди, стигматизација и омраза. Можеби изгледа случајно, но секоја корелација не е толку случајна, затоа што секогаш ќе има наивни „витези“, но и интриганти кои ќе ги прифатат овие дискурси што создаваат непотребни поделби.
Како и обично, политиката никогаш не ја признава вината, особено „ тука доле на Балканот“, додека целата фрустрација од безнадежната состојба создадена сама по себе, се пренесува кај луѓе со милитантни умови кои секогаш го обвинуваат другиот. Секој пат кога политиката игра со оган, граѓаните горат. Ова е вистината за неуспехот на владата да се справи со ситуацијата што настојува да биде ужасно транспонирана во поделби што немаат никаква основа и вистинитост.
Не е спорно дека во овој период имало неодговорни лица, но повторно државата не била во висина на управување со оваа неодговорност, што во случај на пандемии претставува постојан ризик за огромното мнозинство граѓани кои секогаш биле во висина на одговорноста.
Но, сето ова е веќе зад нас, и секое враќање во оваа неоснована расправа за обвиненија ризикува да создаде хистерија на непотребни поделби. Сега е време владата итно да се фокусира на почитување на мерките од страна на граѓаните. Никогаш не е доцна да се направи нешто. Владата и сите политички субјекти без исклучок треба да се фокусираат на итни стратегии за да се спречи страшното ширењето на вирусот.
Многу е важно што покрај „рецитирање“ на бројот на заразени лица, да се започне со кампања за подигнување на свеста за почитување на мерките, како што се носење маски и социјална дистанца. Надвор од песимистички и оптимистички тонови, сеопфатна акција мора да започне што е можно поскоро, бидејќи, како што се гледа низ целиот свет и како што предупредуваат научниците, битката со вирусот корона ќе трае. Акцијата за подигање на свеста за мерките останува толку неопходна, особено во Северна Македонија, кога веќе имаме распад на стратегијата.
Итно ни треба сеопфатна стратегија за да се почитуваат мерките, затоа што веројатно и долго ќе живееме со овој фатален вирус.