Курти не сакаше да ги следи стапките на Ципрас – пофален во странство и поразен дома. Неговиот план се чини дека е подолгорочен.
Пишува: Џелал Незири
Со или без предомисла, Албин Курти му го остави знамето на Авдулах Хоти. Тој не направи примопредавање на должноста бидејќи пред неколку месеци го разреши. „Јас не ја предавам должноста на човек што го разрешив“, одречно рече Курти , иако знаеше дека прави институционален преседан. Типично за неговиот темперамент.
Курти, подобро кажано,му ги пушти „жешките компири“ на Хоти. Шансите тој да се врати на власт се големи, затоа што владата на Хоти ќе биде влада на сериозни договори. Историскиот договор што се очекува да биде постигнат меѓу Приштина и Белград, несомнено, ќе има политичка цена за нејзините потписнички во двете земји.
Владата на СИРИЗА во Грција, предводена од левичарскот лидер Алексис Ципрас – откако го реши проблемот со името со Северна Македонија – ги загуби парламентарните избори во јули 2019 година. Со Договорот од Преспа, потпишан во мај 2017 година, како да му направи голема работа за десничарската Нова демократија на Киријакос Мицотакис, која сега е премиер на Грција. Неговиот татко Константинос Мицотакис беше првиот што се соочи со проблемот со името во 1991 година, кога северниот сосед прогласи независност. И оттогаш тоа беше голем товар за Грција бидејќи меѓународно го оспори имиџот на земјата во која се роди демократијата.
Сега чекаме да ја видиме судбината на СДСМ – левичарската партија предводена од Зоран Заев – дали го расчистил патот за десничарската ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицковски, прифаќајќи го договорот со Грција на СИРИЗА. Одговорот ќе го знаеме летово, кога се очекува да се одржат предвремени парламентарни избори.
Иако тројцата припаѓаат на левичарскиот политички спектар, Курти има поголема сличност со Ципрас отколку на Заев. Двајцата се искачија на врвот на политиката со анархистички протести. Но, Курти не сакаше да ги следи стапките на Ципрас – пофален во странство и поразен дома. Неговиот план се чини дека е подолгорочен. Градењето на наративот дека тој знае да освои над 50 проценти од гласовите на следните избори значи дека очекува да се врати како премиер, изгласан од две третини од пратениците. Нормално, заедно со коалицискиот партнер нема да има моќ внатре бидејќи владата не би зависела од него. И ова ја отвора дилемата дали измената на Уставот е дел од нејзиниот долгорочен план.
Во секој случај, Курти одржа неколку лекции за тоа како треба да работи премиерот, но во исто време научи неколку лекции за тоа како да игра на политичката сцена.
Неговиот начин на управување, сепак, постави некои стандарди што недостасуваат во управувањето со јавните добра. Зголемената поддршка за него е сигнал до другите партии дека треба да се променат во форма и содржина. Курти започна да ја менува политичката реалност во Косово, каде го моделира профилот на политичарот што размислува. На следните избори тој веројатно ќе победи повторно, а неговиот животен век на власт ќе зависи од реформскиот капацитет на другите партии.