Во меѓувреме битката со заразата им ја оставија на лекарите, во прв план влегува меѓусебниот пазар, кој со кого за повеќе. Во следниот период најверојатно ќе бидеме сведоци на нови афери, прислушкувани разговори кои ќе протечат во јавност, швалерски муабети и повторени ветувања. Не се исклучува можноста и да се пука на туристички места за и физички да се покаже сила.
Има една изрека која вели „Многу зујат, малку мед даваат!“
Катерина Топалова
Ако кривата која ја покажува бројката на заразени и на мртви е намалена или воопшто ја нема, тогаш медицината прогласува крај на пандемијата.
Но крај на пандемијата може да прогласи и народот елиминирајќи го постоечкиот страв од заразата.
Следејќи ги дневните статистики, можеме лесно да заклучиме дека медицината не ни размислува да прогласи крај на заразата кај нас. Од друга страна, пак, редиците купувачи во трговските центри, шетањето без маска во затворен простор, групирањето во паркови и шуми вели дека луѓето се ослободиле од притисокот и му „покажуваат заби“ на вирусот.
Но кај нас постои уште една категорија која прогласува почеток и крај на пандемија. Тоа се политичарите. Бројот на тестирани на дневна основа се намалува, но бројот на заразедни и починати постојано одржува константа. Убедуваат и дека е возможно за време на пандемија да се одржат избори. Се согласија дека образованието може да се изведува он-лајн, препорачуваа и компаниите да работат од дома, личните документи да се вадат преку тастатура и монитор, но исто толку едногласни се дека интернет гласање кај нас е невозможно.
Е сега не можат да се договорат околу датумот. Едните страшно се грижат за здравјето на граѓаните и евентуалното ширење на вирусот баш на гласачките места, другите пак сметаат дека побрзо мора да се состави стабилна Влада за да може да се носат одлуки од кои ќе заздравува општеството по коронавирусот.
Има една изрека која вели „Многу зујат, малку мед даваат!“
Во меѓувреме бетката со заразата им ја оставија на лекарите, во прв план влегува меѓусебниот пазар, кој со кого за повеќе. Во следниот период најверојатно ќе бидеме сведоци на нови афери, прислушкувани разговори кои ќе протечат во јавност, швалерски муабети и повторени ветувања. Не се исклучува можноста и да се пука на туристички места за и физички да се покаже сила.
Големи сме само во глупоста! Нема пандемија која не може да ја засениме со дневни партиски оговаранции. И тоа тера со години. Нема генерација која не може да ја убедиме и истренираме дека ова е нормално и дека вака треба.
Ај што ни е изопачен системот на вредности, туку и навиките и смислата за убаво и нормално.