четврток, ноември 30, 2023

„Маршалов план“: ЕУ со 3,3 милијарди евра за Балканот

Европската унија во услови на пандемија има посебна одговорност да им помогне на партнерите од Западен Балкан, зашто нивната иднина е јасно во ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсола фон дер Лајен, известува Дојче Веле на Македонски, пренесува КДП.

За справување со корона-кризата и нејзините последици во земјите од Западен Балкан, Европската унија заедно со Европската инвестициска банка мобилизираше помош во вредност од 3,3 милијарди евра.

Целта на овој пакет е да се одговори  на итните здравствени и  хуманитарни потреби поради пандемијата на Ковид-19, како и да го помогне општественото и економско закрепнување на регионот, соопшти денеска Европската комисија во Брисел.

Европската комисија пред самитот ЕУ-Западен Балкан исто така најавува и широка долгорочна поддршка, која ќе биде претставена подоцна годинава во форма на Економски и инвестициски план за регионот.

Самитот наредната недела ќе се одржи преку видео-конференција, бидејќи првично планираната средба меѓу лидерите на Унијата и на земјите од Западен Балкан  во Загреб, не може да се одржи поради пандемијата на коронавирусот.

„Имаме посебна одговорност да ги поддржиме нашите партнери од Западен Балкан , зашто нивната иднина е јасно во Европската унија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вареји, искоментира пак истакна дека Европската Унија  реагирала брзо и сеопфатно да го поддржи Западен Балкан во справувањето со пандемијата на Ковид-19, преку неспоредлива финансиска помош, како и пристап до бројни иницијативи на ЕУ.

Инаку голем дел од денеска најавената финансиска помош во вредност од 3,3 милијарди евра, за С.Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија, Европската комисија веќе ја имаше искомуницирано во јавноста. Новина се дополнителните кредити во висина од 1,7 милијарди евра ставени на располагање од страна на Европската инвестициска банка.

Што се однесува пак за Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западниот Балкан, кој треба да биде претставен наесен, Европската комисија наведе дека тој ќе вклучува и значителен инвестициски пакет за регионот. Имено во буџетот на ЕУ за
периодот 2021-2027 година, Комисијата предложи вкупна сума од 14,5 милијардиvевра за Претпристапниот инструмент 3, од кои најголем дел ќе бидат наменети за Западен Балкан.

Të fundit