недела, декември 10, 2023

ПСУ „Јахја Кемал“ објавува конкурс за доделување стипендии за средно образование

Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ објави конкурс за доделување на стипендии за средно образование за сите оние ученици кои ќе ги исполнат условите, информираа од училиштето.

Поради пандемијата COVID-19 (Corona), велат дека „на 26 Април 2020 година нема да се организира и реализира приемениот испит за доделување на стипендии како што беше претходно утврдено и објавено.“

КДП го објавува конкурсот во целост:

“Приемот на нови ученици во прва година и доделувањето на стипендии ќе се реализира на следниот начин:

Учениците кои нема да аплицираат за стипендии ќе треба да достават свидителствата од 6-то, 7-мо и 8-мо одделение.

Овие ученици ќе можат да се регистрираат според извештајот на комисијата за уписи.
Потребни документи и сертификати за добивање на стипендии:

  1. Натпревар за добивање на стипендии по математика – физика што го организираше ПСУ „Јахја Кемал“ на 14.12.2019 година,
  2. Од 8-мо одделение сертификат од државната олимпијада по математика,
  3. Од 8-мо одделение сертификат од државната олимпијада по физика,
  4. Од 8-мо одделение сертификат од државната олимпијада по информатика,
  5. Од 8-мо одделение сертификат од државната олимпијада по хемија,
  6. Државни или балкански сертификати по спорт и уметност.

Учениците кои сакаат да добијат стипендии ќе треба да ги достават горенаведените документи и ќе бидат примени на интервју со уписната комисија која ќе донесе одлука кои ученици ќе бидат примени со стипендија.

Контакт телефониː

Скопје 072/229-030 и 071/346-820

Боговиње – Тетово  071/386-342

Струга 071/346-817

Од Управата на ПСУ “Јахја Кемал“.”

Të fundit