Автор: Џелал Незири
Брзиот технолошки развој, глобализацијата и натпреварот за да се добие што е можно поголем капитал за еден момент застана. Корона вирусот, именуван како СОВИД-19, со брзото ширење како резултат на високата вируленција, ставил катанец на земјината топка. Сè престана да функционира: луѓето беа затворени дома, фабриките работат со скратено работно време, функционални останаа само најосновните сектори на животот – медицината и прехранбената индустрија.
Недостатокот на верификувани информации поврзан за симптомите, последиците и долговечноста на вирусот создава страв и анксиозност не само кај граѓаните, туку и меѓу најеминентните научници во светот. Добро познати виролози и епидемиолози ширум светот не успеваат да го дефинираат овој вид вирус: тамам кога дефинираат дека главните симптоми се три, излегуваат нови случаи кои ги демантираат. Откога се проценува дека има стапка на смртност од 3% од вкупниот број заразени, во Италија оваа стапка достигна скоро 14%. Во секоја земја се појавува поинаку, удира со различни сили и предизвикува различни проблеми
Но, постојат четири моменти кои не прават да мислиме дека овој вирус сака да нè научи една лекција:
I. НЕСЕЛЕКТИВЕН ПРИСТАП. Сепак, овој вирус има неселективен пристап, во кој случај не познава дали некој е богат или сиромашен, бел или црн, левичар или десничар, влада или опозиција, на Европа, Америка, Азија, Африка или Австралија. Започна во Кина, на пазарот за диви животни во градот Вухан, а по два месеци стигна до Тајм Сквер во Њујорк. За разлика од војните, земјотресите, поплавите или други природни катастрофи што се случуваат на одредено место на светот, што се чини премногу далеку за да чувствуваме сочувство, оваа пандемија не знае за граници. Недостаток на храна во Судан и Јемен, војната во Сирија или криминалот во Мексико секојдневно одземаат илјадници животи, но тоа не е голем проблем за светот, сè додека станува збор за изолиран проблем во оние невидливи делови на светот. Останува проблем што не предизвикува загриженост кај политичарите, бидејќи тие се заштитени со оклопни возила и стотици лични чувари. Богатите и бизнисмените не вртат глава на места каде што децата умираат од глад,
бидејќи тие имаат капитал да живеат во луксуз за цел живот што би траело уште 1.000 години. Новинарите не известуваат за овие трагедии затоа што јавноста не е толку заинтересирана да знае за настани што досега се далеку од нив. И овој вирус нè учи дека во овој глобализиран свет ништо не е изолирано и никој не е сто процентен заштитен. Единствената дискриминација во оваа пандемија е поврзана со пријавувањето на случаи на заболени или жртви: ако станува збор за политичар, бизнисмен или добро позната личност од јавен живот, тогаш се пријавува за индивидуата со целосен идентитет, т.е. со име и презиме. Во други случаи, заразените или жртвите се само статистика.
II. ПОТРЕБА ЗА НАУКА. Иако скоро секое добро на човештвото е резултат на науката, се чини дека таа го нема очекуваното почитување. Израел и Јужна Кореја се единствените две земји во светот кои делат над 4 проценти од нивниот бруто-домашен производ (БДП) за научно и развојно истражување. Потоа на списокот спаѓаат развиени земји како Германија, САД, Јапонија, Франција, Кина, Финска, Австралија, Тајван, Шведска, Швајцарија, Белгија, Австрија и Словенија со близу 3% од БДП, додека останатите делат помалку од 2 проценти. Како илустрација, Саудиска Арабија одвојува само 0,25 проценти од БДП за науката, додека троши 13 проценти за војската и одбраната, што го прави светски лидер во оваа област. Катар, земја исто така богата со нафта, троши само 0,47% од БДП за наука и до 10% за воена одбрана. Од Балканските земји, Северна Македонија за научно истражување и развој делат само 0,44 проценти од БДП, Хрватска – 0,81%, Босна и Херцеговина – 0,33%, Црна Гора – 0,38%, Албанија – 0,05% и Косово – 0,7 проценти. Сега, кога корона вирусот бара научен одговор, односно да се открие лекот и вакцината, сите ги имаат свртено очите кон земјите кои имаат развиена наука. Парите потрошени за воена одбрана се гледаат како губење на инвестиции кога војската, суперсоничните авиони, тенковите и противвоздушните системи не прават ништо за борба против вирусот.
III. СВЕСТ ЗА ОПШТ ИНТЕРЕС. Овој вирус на крајот ќе го научи себичниот граѓанин дека општиот простор е на сите и не може целосно да се одвои од приватната сопственост. Себичниот граѓанин има тенденција да не е заинтересиран за јавната сопственост и богатство. Сè што е надвор од неговиот дом е странски простор што не е негова работа и според можноста може и да го присвои или да го користи. На ист начин го третира и општиот интерес: ако тоа не му носи корист само на него, себичниот граѓанин не е заинтересиран да се заложи себеси до крајот на сите свои напори. Тој не е ниту заинтересиран
за општиот имот, како што е државниот буџет, општината, министерството или дирекцијата. „Тоа не се мои пари“, вели тој. Тој сега е убеден дека заштитата од вирусот не се обезбедува со заклучување во зидовите на својот дом, ниту од лични ресурси. Поразувањето на вирусот зависи од сите, тој е проблем на сите и бара свесност за просторот и општиот интерес. Вирусот наметнува недостаток на свест на себичниот граѓанин, предавајќи му дека болеста може да се искорени само доколку сите се излечат, дека државниот буџет е исто толку одлучувачки како семејството, дека јавното здравство е исто толку важно како и личното, дека респираторите во клиника се исто толку потребни како клима уредите за дома, и дека јавната дисциплина е поважна од домашната. Така, вирусот веројатно ќе го натера себичниот граѓанин да сфати дека општиот интерес е заштитна целина на сите интереси одделно.
IV. ХУМАНИЗАМ И СОЛИДАРНОСТ. Добрите пријатели се познаваат во тешки времиња, велат луѓето. Албанскиот премиер, Еди Рама првично рече дека во глобалната војна против корона вирусот, секоја држава е сама. Српскиот претседател, Александар Вучиќ ја критикуваше Европската унија (ЕУ) што не и помогна на неговата земја и ги пофали Кина и Русија за нивната помош. Кина и Русија ја користат кризата за да користат „една мека моќ“ или „дипломатија на маски“ за да добијат симпатии во јавноста и да го ослабат имиџот на ЕУ. Е вистината дека токму ЕУ и нејзините земји испраќаат почетна помош на медицинска опрема – маски, респиратори, облека и лекови – и помош за економско опоравување во вредност од скоро 400 милиони евра за Западен Балкан. Северна Македонија и Албанија дополнително ќе имаат пристап до европскиот фонд за солидарност, а како член на НАТО и во заштита и во борба против вирусот. Покрај хуманизмот и солидарноста меѓу народите и државите, овој вирус ни го наметнува и меѓучовечкиот, сопственикот на деловната активност со работникот, богатите со сиромашните, продавачот со купувачот и пациентот со лекарот. Овие човечки вредности во општествените односи се неопходни доколку се уште се надеваме дека, откако ќе се победи вирусот, може да се врати животната нормалност. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неодамна предложи минимална плата за сите администрации и функционери, со цел да се формира фонд за солидарност. Но, на крај владата одобри намалување на платите само на функционерите – администраторите сè уште имаат плати под потребниот износ (450 евра) за корпа за трошење (500 евра). Овој предлог на социјалдемократот Заев, повеќе личеше како мерка на идеолошката десница, што првенствено е во интерес на бизнисмените. Но, во случајот на кророна вирусот, сите светски бизнисмени донираат милиони за надминување на оваа состојба и не очекуваат толку многу од државата за загубите што ќе ги имаат. Нема повеќе левичарски и десничарски идеологии, туку здравствени идеологии. Ова исто така треба да биде јасно и за бизнисмените во Северна Македонија и земјите од регионот, од кои повеќето се зголемија со молзење на јавниот буџет и искористување на напорите на даночните обврзници. По донацијата на фармацевтската компанија Алкалоид, ова треба да го сторат сите успешни компании кои добиле тендери од државата.