недела, септември 8, 2024

Загрижената јавност е лековерна

Со цел да се намалат чувствата на неизвесност, луѓето се вклучуваат во несоодветно однесување и бараат информации насекаде. Најразлични „експерти“ ја дискутираат пандемијата, економијата, светските заговори и на педали на полуинформации и лажни вести го надополнуваат немирот во јавноста. Загрижената јавност е лековерна. Вирусот на дезинформациите е исто толку опасен и исто толку брзо се шири како и Ковид-19.

Автор: Катерина Топалова

Светската здравствена организација го идентификува постоењето на „инфодимија“ или прекумерно користење на информации. Тие може да е фактички, измислени или лажни и претставуват сериозна пречка во борбата против ширењето на коронавирус.

Социјалните медиуми се веќе познат простор за дезинформација и политичка пропаганда. Тие се место каде што најчесто бомбастично осамнуваат – вести, информации, гласини, паника, гнев и сите емоции со кои луѓето се справуваат со пандемијата.

Сведоци сме на пандемија што се расплетува преку нашите дигитални екрани, со посредство на информации од веродостојни до крајно неверодостојни извори, постојано присутни тролови и ботови и алгоритми кои се хранат со социјално однесување слично на мобилната телефонија. 

Додека сте дома, за да го минимизирате ширењето на вирусот, морате да водите уште една битка – практикувањето будност и критичко размислување на социјалните медиуми кое може да спасат животи. 

Со цел да се намалат чувствата на неизвесност, луѓето се вклучуваат во несоодветно однесување и бараат информации насекаде. Најразлични „експерти“ ја дискутираат пандемијата, целата економија, сите мерки и на педали на полуинформации и лажни вести го надополнуваат немирот во јавноста. Загрижената јавност е лековерна.

Ова е време на криза, публиката всушност очајно го бара местото каде што ќе го најде она што и е најдостапно, но и најпримамливо за увото.  Лажните вести и заговори во време како ова се поинтересни и од самите вести. 

Информациското војување не знае за пандемија. Треба да научиме да го избегнеме вирусот за дезинформација. 

Светот се запре бидејќи земјите ги затворија своите граници, ја ограничуваат подвижноста и сите економски активности за да ја уништат пандемијата на Ковид-19. 

Сите зедоа пауза – освен машината за дезинформации. Лажните вести и лажните информации се чувствуваат исто како и коронавирусот и се исто толку опасни. Исто се тешки и за откривање. Првично влоговите се ниски, но кога ќе останат без надзор можат да бидат многу заразни бидејќи со огромна брзина се шират низ социјалните мрежи. 

Të fundit