четврток, ноември 30, 2023

Поради корона вирусот Светскиот ученички куп се одложи за месец јуни

Глобалната пандемија КОВИД-19 го одложи за во јуни оваа година познатиот Светски ученички куп, организиран од приватното средно училиште “Јахја Кемал”, информираат од оваа образовна институција, пренесува КДП.

Оваа година натпреварот ќе трае од 4 до 6ти Јуни, при што ПСУ “Јахја Кемал” по трет пат ќе биде домаќин на Светскиот ученички куп.

Светскиот ученички куп (The World Scholar’s Cup – WSC) е меѓународна тимска академска програма за ученици од над 65 земји.

Според училишта, целта на овој натпревар е да ги привлече учениците заинтересирани за учење надвор од рамките на типичната наставна програма и да им овозможи на ученици од различни култури да дискутираат прашања и идеи поврзани со денешницата.

“Се работи за натпревар кој се одржува во забавна и инспиративна атмосфера и е одлична можност за учениците да ги развиваат своите вештини за критичко размислување во однос на годинешната тема – Возобновен свет (A World Renewed).
На овој натпревар ќе може да се пријават тимови сочинети од тројца ученици од исто или различно училиште”, се вели во соопштението.

Тимовите ќе се натпреваруваат во четири главни настани: ученички предизвик, пишување во тимови, дебатирање во тимови, и ученички квиз.

“Покрај четирите главни настани, се одржуваат и социјални и академски активности од ненатпреварувачки карактер со цел да се постигне пријателска атмосфера помеѓу учесниците. Тимовите се натпреваруваат во јуниорска и сениорска категорија, зависно од возраста на учениците”, информира ПСУ “Јахја Кемал”.

На регионалната рунда во Скопје, јуниорите ќе се натпреваруваат на 4ти јуни, а сениорите на 5ти јуни. Големото финале за двете категории ќе се одржи на 6ти јуни во Големата сала на филхармонија.

Учениците ќе имаат можност да се квалификуваат за глобална рунда во Прага, после учениците ќе имаат можност да се квалификуваат за турнирот на шампиони кој се одржува на Универзитетот Јејл во САД.

“Минатата година 450 ученици од цела Македонија учествуваа на овој натпревар. Во глобалното коло во Прага,ОУ„Песталоци“ освои три златни медали, а учениците ОД „Јахја Кемал“ исто така освоија 3 златни и 3 сребрени. За повеќе информации кликнете на веб страната: https://www.scholarscup.org/”, се вели во соопштението на ПСУ “Јахја Кемал”.

Të fundit